Атина - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Атина

АТИНА 

 

Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеала подеми и падови како неколку други метрополи во светот. За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги поставила темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога ќе се спомене Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признат како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик – место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина.

 

ПРВ ДЕН – 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на Хотел Русија во 19.00 часот. Поаѓање за Атина во 19.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН – 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА

Пристигнување во Атина. Панорамски разглед на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитетот…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 01.01.2027 (ПЕТОК) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН

После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2027 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата слободно време за себе, посета на познатото кафуле Little Kook и враќање во хотел. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотел. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог на лекарството во грчката митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. Во договорено време се враќаме према хотел по останатите патници и тргаме према Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утриснкин часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 €  / 11.100 мкд

ПРОМО ЦЕНА: 159 € / 9.860 мкд
 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Дочек на Нова Година на плоштад во Атина
  • Панорамски разглед на градот
  • Туристички придружник од агенција 
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (45€)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (20€)
  • Посета на Пирејa и Сунион (30€)
  • Влезница за во Акропол со водич (40 еур)
  • Туристичка такса 5 евра за двете вечери (се плаќа во автобус)
  • Индивидуални трошоци
  • Пакет факултативи (Пелопонез, Акропол, Сунион и Пиреја) 105 евра

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Деца до 2.99г.  во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
  • Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативите)

 

НАПОМЕНИ:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
  •  За ова патување важат општите услови за патување на Т.А ИМПАЛА ТРАВЕЛ.
  • Организатор на патувањето е друга агенција, партнер на Импала Травел.

 

S

Translate »