Сигурна реализација
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Прага, главниот град на Чешка, е еден од најубавите и најромантични градови во Европа. Позната како „Златниот град“, Прага плени со својата величествена архитектура, средновековните улички, историските плоштади и прекрасните мостови над реката Влтава.
Градот претставува совршен спој на богата историја, култура и романтична атмосфера. Прашкиот замок, Карловиот мост, Стариот градски плоштад и прочуениот астрономски часовник се само дел од знаменитостите што ја прават Прага една од најпосакуваните европски туристички дестинации. Во периодот пред Божиќ, градот блеска во празнично руво. Раскошните елки, илјадниците светилки, мирисот на варено вино и традиционалните чешки специјалитети создаваат незаборавна зимска атмосфера.
11 декември (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:15 часот. Полетување за Прага со авиокомпанијата Wizz Air во 12:25 часот и слетување во 14:30 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Во вечерните часови е предвидена прошетка низ центарот на градот во придружба на претставникот на агенцијата. Ќе може да се почувствува празничната атмосфера на Прага и да се ужива во погледот кон осветлените градски улици и знаменитости. Ноќевање.
12 декември (сабота) ПРАГА
Појадок. Организирано разгледување на Прага во придружба на локален туристички водич. Ќе се видат Храдчани – еден од најголемите дворски комплекси во светот и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост, Мала Страна, Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад, астрономскиот часовник и плоштадот Вацлав. Карловиот мост е најстариот и најпознат мост во Прага и едно од главните обележја на градот. Тој го поврзува Стариот град со Мала Страна, сместена на спротивниот брег на реката Влтава. По разгледувањето е предвидено слободно време за индивидуални прошетки и посета на прочуените божиќни базари. Стариот градски плоштад во овој период се претвора во вистинска зимска бајка, украсена со раскошна елка и илјадници празнични светилки. Ќе може да се прошета меѓу шарените дрвени куќички, да се ужива во мирисот на варено вино и традиционалните чешки специјалитети и да се изберат уникатни рачно изработени сувенири. Во вечерните часови е предвидена можност за факултативно крстарење по реката Влтава. За време на крстарењето ќе може да се ужива во погледот кон најпознатите градби, мостови и споменици на „Златниот град“. Ноќевање.
13 декември (недела) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Факултативна целодневна посета на Карлови Вари, еден од најубавите и најпознати туристички дестинации во Чешка. Градот има традиција на бањски и велнес-туризам подолга од 600 години. Во 2021 година УНЕСКО го призна неговото исклучително значење и го вклучи на Списокот на светското културно наследство. Карлови Вари е познат по својата впечатлива и колоритна архитектура, елегантните колонади, лековитите термални извори и посебната атмосфера што со векови привлекувала посетители од целиот свет. Градот го посетувале познати личности како Петар Велики, Бетовен, Шопен, Шилер, Карл Маркс и Гете. За време на посетата ќе може да се прошета низ живописниот центар, да се видат познатите колонади и да се почувствува уникатната атмосфера на ова прочуено бањско место. Предвидена е можност за посета на Hotel “Thermal”, каде што ќе може да се ужива во отворениот базен со природна термална вода, со температура од 38 °C, сауна и прекрасен панорамски поглед кон Карлови Вари. Во попладневните часови следува враќање во Прага. Слободна вечер. Ноќевање.
14 декември (понеделник) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот. Предвидено е слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време следува организиран трансфер до аеродромот во Прага. Полетување за Скопје во 15:05 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
M