4 Дена / 3 ноќевања / Авион
Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои, медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…
04 декември (петок) Скопје – Малта – Биргу – Валета
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 10:45 часот. Полетување во 12:45 и слетување во Малта во 14:35 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Мала пауза за одмор. Вечерно патување во Валета и Трите Града. Поаѓањето е околу 18:00 часот, кога сонцето полека заоѓа и островот ги добива своите магични вечерни бои. Ќе тргнеме да ги откриеме Трите Града, вистински бисери на малтешката историја. Првата станица ќе биде Биргу (Виториоза) средновековен град чии тесни, мистериозни улици кријат приказни за витези, трговци и пирати. Прошетката низ овој стар кварт ќе ви даде чувство дека сте се вратиле неколку векови назад. Потоа ќе уживаме во слободното време во марината Виториоза, една од најубавите марини на островот. Совршено место за релаксација, пиење пијалок и уживање во единствената атмосфера на луксузни јахти и осветлени пристаништа. Потоа нашиот пат води до срцето на Малта, Валета. Таму ќе имате слободно време за шопинг, прошетка меѓу луксузните улици и посета на божиќниот базар каде што блескавите декорации, мирисот на топлите колачи и вистинскиот празничен дух ќе ви дадат посебен шарм. По ова незаборавно вечерно искуство се враќаме во хотел, исполнети со впечатоци, мириси и слики што ќе останат во меморијата долго време. Ноќевање.
05 декември (сабота) Излет по Малта – Мdina – Blue Grotto – Марсашлок – Сент Џулијан
Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина. Посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта наречен Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура каде ќе уживаме во панорамскиот поглед од бастионите, посета на претседателската Палата, прошетка до Рабат, предградието на Мдина каде ќе имате можност да ги посетите катакомбите на Св. Павле (по избор) или може да се релаксирате со кафе во некое од локалните кафулиња. Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо), најпознатиот пештерски комплекс на Малта што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите, најсветли кобалтно сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо (се плаќа 10 еур на лице место). Напомена: Во случај на немирно море и прекин на бродскиот сообраќај, посетата на Blue Grottо ќе биде целосно изоставена. Во тој случај како алтернативна варијанта ќе ги посетиме прекрасните ботанички градини Сан Антон, мирна оаза позната по своите бујни градини и релаксирачка атмосфера. Потоа следува посета на рибарското гратче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот. Пристаништето е толку фотогенично поради што многу туристи го посетуваат за да ги овековечат типичните ,,luzzu,, рибарски чамци. Слободно време за ручек во препорачан ресторан за морска храна и посета на традиционалниот пазар со малтешки призводи покрај самата обала. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
06 декември (недела) Валета – Слима – Сент Џулијан
Појадок. Факултативно разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни зидини и тврдини изграден од Витезите на Св. Јован кои биле болничари во 16 – от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно – историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Потоа прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Не случајно се снимени толку многу филмови на Малта. Исто така предвидена е и посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св. Јован дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата – 15еур). Слободно време за ручек. Посета на Слима, позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулиња, интересни улички и архитектура, создадени за убави фотографии. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
07 декември (понеделник) Попај Село (Popeye Village) – Скопје
Појадок. Факултативно полудневен излет со посета на Попај селото (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village), наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20:25 и слетување во 22:05 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
М