Градот на светлината и љубовта
Сигурна реализација
Авион /4 дена /3 ноќевања
Сместен на бреговите на реката Сена, Париз со право ја носи титулата еден од најубавите и најромантичните градови во светот. Град со богата историја, бесценето културно наследство и огромно влијание врз уметноста, модата, архитектурата, дизајнот и гастрономијата. Замислете утрото со мирис на свеж кроасан и кафе во некое од шармантните париски кафулиња, денот продолжува со прошетка покрај Сена и незаборавни погледи кон величествената Ајфелова кула, задолжителни фотографии покрај Триумфалната капија, прошетка низ прочуените париски улици и запознавање со безвременските знаменитости како Нотр Дам и Монмартр… И кога ќе се спушти вечерта, Париз добива сосема поинаков сјај – светлата, музиката и неповторливата атмосфера го прават градот уште помагичен, а легендарниот Мулен Руж е еден од главните симболи.
За оние кои сакаат барем на еден ден да се вратат во светот на детството, тука е Дизниленд Париз – место каде фантазијата оживува. Волшебни замоци, спектакуларни претстави, паради, атракции, огномети и омилените Дизни ликови создаваат доживување кое подеднакво ги воодушевува децата, тинејџерите и возрасните.
1 ДЕН – 26.11 | СКОПЈЕ – ПАРИЗ – ШАНЗЕЛИЗЕ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Париз во 13:00 часот, со предвидено пристигнување во 16:05 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот, сместување и кратко време за одмор. Во вечерните часови започнуваме со првото запознавање со магијата на Париз. Предвидена е пешачка прошетка до величествената Триумфална капија, еден од најпрепознатливите симболи на француската престолнина, а потоа продолжуваме по прочуените Елисејски полиња – Шанзелизе, една од најпознатите и најубавите авении во светот. Следува слободно време за прошетка, фотографирање и уживање во неповторливата париска атмосфера, со можност за посета на некое од бројните кафулиња, ресторани и локали долж авенијата. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
2 ДЕН – 27.11 | ПАРИЗ – ЛУВР – ЛАТИНСКИ КВАРТ ИЛИ ДИЗНИЛЕНД
Појадок во хотел. За оние кои ќе го поминат денот во Париз, продолжуваме со прошетка и запознавање со некои од најпознатите знаменитости на француската престолнина. Посета на плоштадот Конкорд, по што продолжуваме кон еден од најпознатите музеи во светот – Лувр. Предвидено е слободно време за фотографирање, кафе или ужина, а љубителите на уметноста имаат можност индивидуално да го посетат музејот и неговата непроценлива колекција на уметнички дела, меѓу кои и славната Мона Лиза на Леонардо да Винчи. Продолжуваме кон живописниот Латински кварт и квартот Сен Мишел, препознатливи по својата боемска атмосфера, шармантните улички, кафулиња и ресторани. Во продолжение е предвидена прошетка покрај Луксембуршката градина, катедралата Нотр Дам и други препознатливи париски знаменитости. Во текот на денот можност и за посета на прекрасната Опера Гарние, еден од највпечатливите архитектонски бисери на Париз. Слободна вечер за индивидуални активности и уживање во градот. Враќање во хотел во индивидуална организација. Ноќевање.
ИЛИ
Можност за факултативна посета на Дизниленд Париз, со превоз со брз воз. Ден исполнет со магија, забава и незаборавни доживувања за посетители од сите генерации. Комплексот нуди тематски паркови со бројни атракции, спектакли и средби со омилените Дизни ликови, како и голема шопинг и забавна зона со продавници, бутици, ресторани и кафулиња. Слободно време за индивидуално уживање во атракциите и содржините на паркот. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
3 ДЕН – 28.11 | ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – СЕНА – АЈФЕЛОВА КУЛА
Појадок во хотел. Можност за факултативна посета на величествениот дворец Версај, до кој се пристигнува со јавен превоз. Некогашната резиденција на француските кралеви претставува едно од најзначајните ремек-дела на француската архитектура и еден од најраскошните дворски комплекси во Европа. Следува разгледување на импозантните кралски апартмани и прочуената Сала со огледала, каде и денес може да се почувствува раскошот и величественоста на некогашниот француски двор. По посетата е предвидено слободно време за одмор и ручек, по што се враќаме во централниот дел на Париз. Во попладневните часови препорачуваме романтично крстарење по реката Сена – прекрасна можност Париз да се доживее од една сосема поинаква перспектива, со поглед кон неговите најпознати знаменитости и прекрасните мостови што ја премостуваат реката. По крстарењето препорачуваме посета на најпознатиот симбол на градот – Ајфеловата кула, со можност за искачување и уживање во незаборавната панорамска глетка кон Париз. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
4 ДЕН – 29.11 | ПАРИЗ – МОНМАРТР – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Последното париско утро го резервираме за еден од најромантичните и најживописните делови на градот – Монмартр, познатиот кварт на уметниците, кој со своите тесни улички, мали плоштади и препознатлива боемска атмосфера со децении ги инспирира уметниците од целиот свет. Следува прошетка низ Монмартр и квартот Пигал, познат по својата динамична атмосфера и бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Moulin Rouge. По прошетката следува враќање и подготовка за заминување. Организиран трансфер до аеродромот околу 12:00 часот. Полетување за Скопје во 14:55 часот, со предвидено пристигнување во 17:40 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Цена на влезници:
Напомена:
М