27–29 ноември 2026 | 3 дена / 2 ноќевања
Допрете ја Божиќната магија преку декорациите кои одземаат здив, мирисот на цимет и топло варено вино, романтични улички и бајковити плоштади.
Ве водиме во три земји и шест волшебни места, со посебно доживување во Стразбур – престолнината на Божиќните базари, каде што празничната магија оживува на секој чекор.
1 ДЕН | ПЕТОК, 27.11.2026 | ФРАЈБУРГ И БАЗЕЛ
Лет со Wizz Air на релација Скопје – Базел, со поаѓање во 06:45 и пристигнување во 09:05 часот (локално време). По пристигнувањето, организиран трансфер и продолжување кон Фрајбург.
Фрајбург – шармантниот германски град на работ од Шварцвалд, познат по величествената готска катедрала Münster и малите канали Bächle што се провлекуваат низ калдрмисаните улици. Дрвените куќички, светилките и мирисот на печени бадеми создаваат топла, романтична атмосфера. Прошетка низ стариот град и слободно време за уживање.
Базел – елегантниот швајцарски град на Рајна, прочуен по својата уметност, историскиот Marktplatz и впечатливото црвено градско собрание. Во празничниот период неговите стари плоштади блескаат со украси и божиќни тезги, создавајќи вистинска зимска разгледница. Прошетка низ центарот. Во вечерните часови сместување во Holiday Inn Express & Suites Basel – Allschwil. Ноќевање.
2 ДЕН | САБОТА, 28.11.2026 | СТРАЗБУР
После појадокот, тргнуваме за Стразбур – срцето на нашето патување и вистинската престолнина на божиќните пазари! Градот е прочуен по својот историски Christkindelsmärik, еден од најстарите божиќни пазари во Европа, раскошната катедрала Notre-Dame и романтичниот кварт Petite France со канали и дрвени куќи. Под илјадници светилки, меѓу мирисите на колачиња, цимет и празнични специјалитети, ќе ја почувствуваме магијата на Стразбур. Организирана прошетка и слободно време за пазарите и големата елка на Place Kléber. Враќање во хотелот во Базел. Ноќевање.
3 ДЕН | НЕДЕЛА, 29.11.2026 | КОЛМАРРИБОВИЛЕ И РИКВИР
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Колмар – еден од најромантичните градови во Алзас, познат по пастелните фахверк куќи, цветните балкони и каналите во квартот „Мала Венеција“. Неговите тесни улички изгледаат како сцена од божиќна бајка, а празничните украси му даваат посебен шарм. Прошетка и слободно време за фотографии и уживање.
Посета на Рибовиле (Ribeauvillé) – живописно алзашко гратче познато по лозјата, средновековните кули и замоците што се издигнуваат над него. Неговите шарени фасади и камени улички го чуваат духот на старите времиња и се совршена кулиса за романтична прошетка.
Продолжуваме кон Риквир (Riquewihr) – бисер на Алзас и едно од најубаво зачуваните средновековни гратчиња во Франција, познато по винската традиција и раскошните фахверк куќи. Зад старите градски ѕидини се кријат живописни улички што изгледаат како да излегле од илустрирана бајка. Слободно време за прошетка и фотографии.
Организиран трансфер до аеродромот во Базел. Повратен лет со Wizz Air Базел – Скопје во 20:45 часот, со пристигнување во 22:55 часот (локално време).
СМЕСТУВАЊЕ
ВО ПРОМО ЦЕНАТА ОД 449 € ПО ЛИЦЕ Е ВКЛУЧЕНО
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Но