Град кој никогаш не спие, исполнет со арома на зачини, со звукот на живите пазари и прекрасната архитектура.
Истанбул – единствениот град метропола кој спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Градот претставува дом на многу култури, центар на империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат бројни историски знаменитости: џамии, цркви, синагоги, дворци и кули. Наполеон Бонапарта рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
05.12.2026 – сабота
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување за Истанбул со Pegasus Airlines. По слетувањето на аеродромот Sabiha Gökçen (SAW) во 14:15 часот, организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на англиски јазик, попатно кон хотелот. Попатно ќе се направи кратко запирање кај Моминската кула (Kız Kulesi) – еден од најпознатите симболи на Истанбул, сместен на мал остров во Мраморното Море, спроти Ускудар. Кратка пауза за прошетка и фотографирање со прекрасен поглед кон кулата и градот. Сместување во хотел Бристол 3+* во Бејоглу. Во вечерните часови, гратис пешачка тура до Галата кула и Каракој. Галата кула е една од најпознатите туристички атракции во Истанбул. Околината на Галата кула е исполнета со тесни калдрмисани улички, мали дуќанчиња со занаетчии, продавници со накит, книги и мирис на свежо турско кафе што ве следи на секој чекор. По прошетката, можност за дегустација на прочуениот San Sebastian чизкејк – десерт кој ја освои Турција и светот со својот мек и кремаст вкус. Продолжуваме кон Каракој – едно од најшармантните места во Истанбул, каде што минатото и модерниот дух совршено се спојуваат. Улиците се полни со кафулиња, уметнички галерии и мали пекари кои ја создаваат автентичната атмосфера на градот. Ноќевање.
06.12.2026 – недела
Појадок во хотел. Организирана посета на Долмабахче Палата, Ортакој, Балат, Таксим и улицата Истиклал. Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче Палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка и дегустација на познатиот kumpir – печен компир со различни додатоци. Продолжуваме кон Балат – еден од најфотографираните и најколоритни квартови во Истанбул, познат по шарените куќи, калдрмисаните улици, винтиџ кафулињата и автентичната атмосфера. Балат претставува вистински спој на традиција, уметност и локален живот, каде секоја улица раскажува своја приказна. Слободно време за прошетка, фотографии и уживање во уникатниот амбиент. Турата продолжува кон плоштадот Таксим – срцето на современиот Истанбул. Од Таксим продолжуваме со пешачка тура низ прочуената улица Истиклал, една од најживите и најпознатите улици во градот. Истиклал е исполнета со продавници, кафулиња, галерии и улични музичари, создавајќи незаборавна атмосфера. Враќање во хотел. Факултативно: можност за вечерно крстарење по Босфор со трансфер, богата шоу програма, вечера со вклучени алкохолни пијалоци. Ноќевање.
07.12.2026 – понеделник
Појадок во хотел. Факултативна посета на Обелиск, Султан Ахмет, Топкапи Палатата, Аја Софија, Базилика Цистерна и Капали Чаршија. Турата ќе ја започнеме со посета на Обелискот, еден од најзначајните историски споменици на плоштадот Султанахмет и сведок на богатото минато на Истанбул. Потоа следува посета на Сината џамија (Султан Ахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура, препознатлива по своите шест минариња и раскошен ентериер. Продолжуваме кон Топкапи Палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на Отоманската империја, каде ќе се запознаеме со раскошниот дворски живот и богатата историја. Следната станица е величествената Аја Софија – симбол на спојот на културите и религиите, со грандиозен ентериер и импресивни мозаици. Потоа ќе ја посетиме мистичната Базилика Цистерна, едно од најинтересните подземни византиски ремек-дела во Истанбул, познато по својата уникатна атмосфера и антички столбови. Турата ќе ја завршиме со посета на легендарната Капали Чаршија, најпознатиот покриен базар во Истанбул, каде ќе имате слободно време за ручек, шопинг и уживање во локалната атмосфера. Во вечерните часови, пешачка тура до Галатапорт и уличките на Кадикој. Ноќевање.
08.12.2026 – вторник
Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за прошетка, кафе и последен шопинг на улицата Истиклал и во околината на Бејоглу. Во договорено време, трансфер до аеродромот Sabiha Gökçen (SAW). Полетување за Скопје со Pegasus Airlines во 17:15 часот. Пристигнување во Скопје во 16:40 часот по локално време.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
| Датум | Лет | Релација | Време |
|---|---|---|---|
| 05.12.2026 | PC352 | Skopje (SKP) – Istanbul (SAW) | 10:50 – 14:15 |
| 08.12.2026 | PC353 | Istanbul (SAW) – Skopje (SKP) | 17:15 – 16:40 |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ