Азурен Брег 🚌 - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Азурен Брег 🚌

Азурен Брег

(Ница • Кан • Антиб • Сен Тропе • Ез• Монако • Монте Карло)

Термин: 29 Декември

 

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

 

1 ден 29.12.2026 СКОПЈЕ:

 Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.12.2026 АЗУРЕН БРЕГ

Пристигнување на Азурен брег  во пладневните часови.. . Ве водимне на прошетка низ Кан, градот на филмските ѕвезди и францускиот гламур!

Сместен на прекрасниот Азурен Брег, Кан е симбол на луксуз, елеганција и медитерански шарм. Светски познат по престижниот Кански филмски фестивал, овој град привлекува со своите песочни плажи, луксузни јахти и гламурозната атмосфера.

Прошетајте по славното шеталиште La Croisette, покрај палмите, раскошните хотели и ексклузивните бутици, посетете ја познатата Фестивалска палата и откријте ги романтичните улички на стариот град Le Suquet, од каде што се пружа прекрасен поглед кон заливот.

Кан – град во кој секој може барем за миг да се почувствува како филмска ѕвезда

Започнуваме со  прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината…  Сместување во хотел. Слободно време за  одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

03 ден 31.12.2026  КАН – АНТИБ – НИЦА– МОНТЕ КАРЛО:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет …  посета на монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб – градот на уметноста и медитеранскиот шарм, прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 12€)…

Сместен меѓу Ница и Кан, Антиб е едно од најшармантните гратчиња на Азурниот Брег. Со своите тесни калдрмисани улички, цветни балкони, живописни плоштади и прекрасни погледи кон Средоземното Море, овој град плени со автентичната француска атмосфера.

Посебен бисер е Музејот на Пикасо, сместен во историскиот замок Грималди, каде што славниот уметник творел во 1946 година. Денес музејот чува дел од неговите дела и ја раскажува приказната за неговата поврзаност со овој волшебен град.

Антиб – место каде што морето, историјата и уметноста создаваат вистинска медитеранска магија… потоа продолжуваме со посета на Ница… Сместена покрај тиркизните води на Средоземното Море, Ница е град во кој француската елеганција се спојува со медитеранскиот шарм. Позната по прекрасното шеталиште Promenade des Anglais, палмите, шарените фасади и живописните улички на стариот град, Ница освојува со својата неповторлива атмосфера.

Прошетајте низ романтичниот стар дел, уживајте во шарените пазари и откријте ги прекрасните панорамски погледи од ридот на замокот – Colline du Château.

Ница – град на сонцето, уметноста и медитеранската магија, каде што секоја прошетка е ново доживување… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во хотел.

Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во хотел во ноќните часови.  Ноќевање.

04 ден 01.01.2027 СЕН ТРОПЕ:

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Некогаш мало рибарско гратче, денес симбол на францускиот гламур и медитеранскиот шарм. Со своите живописни улички, шарени фасади, луксузни јахти и прекрасни крајбрежни погледи, Сен Тропе е место каде што елеганцијата се среќава со опуштениот ритам на Медитеранот. Град кој освојува на прв поглед и остава спомени што траат! Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

05 ден 02.01.2027  ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето… Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 21€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ден 03.01.2027 СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во вечерните часови.

 

Промо цена на аранжманот за резервации до 31 Октомври: 289 € / 17.920 денари

Редовна цена на аранжманот:  329 € / 20.400 денари

 

Аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Ibis Styles 3*, во Кан, на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  • Новогодишна посета на Монте Карло 50€
  • Посета на Ст. Тропе 50€
  • Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден 40€ ( се плаќа во агенција)
  • Посета на Ница и Антиб 50€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 180€
  • Туристичка такса (5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Доколку багажот се додаде дополнително, цената може да биде повисока од првично понудената, бидејќи авиокомпанијата го задржува правото на промена на цените. За точната цена, ве молиме консултирајте се со агенцијата.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИМПАЛА ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.

N

Translate »