Барселона ✈️ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Барселона ✈️

Барселона

Сигурна реализација

 

Термин: 20 – 24 Октомври 2026

 

20.10.2026   Скопје – Барселона

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:00 часот. Полетување за Барселона во 18:00часот и пристигнување во 20:50 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

21.10.2026  Барселона Панорамика + Poble Espanyol (Шпанско село) 

Појадок. Препорачуваме организиран панорамски разглед на градот: Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона, на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело e црквата Sagrada Familia (индивидуални влезници). Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Магичните фонтани, Националната палата, арените за корида… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Можност да се искачите на брдото Монжуик со фуникулар и да уживате во прекрасната панорама на градот или да прошетате по најшарената улица на светот Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај. Барселона нуди вистинска можност за истражување и уживање во нејзините убавини, музеи, шпанската кујна, шопинг… По разгледот препорачуваме посета на Шпанското село, една од големите атракции  во Барселона изградени за Светската изложба во 1929 год. Иако било планирано селото да се сруши по завршување на изложбата, заради неочекувано големиот интерес тоа не е сторено.  Денес Poble Espanyol е своевиден музеј на архитектурата и културата на Шпанија, со 117 градби, плоштади, улици, продавници, типични за 15 различни области во Шпанија. Во составот на селото се наоѓа и театар, музеј на современа уметност, уметнички работилници и ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија.  Ноќевање.

 

22.10.2026  Барселона –  Парк Гуел

Појадок. Препорачуваме посета на импресивниот парк Гуел, во кој генијалниот Гауди ја реализирал идејата за единството на природата и уметноста. Парк Гуел е еден од најпознатите симболи на Барселона кој привлекува со својата шарена керамика и луда архитектура. Сместен во Ла Салут, на падините на планините Колсерола, претставува единствена мешавина од природата и урбанизмот. Еузеби Гуел е богат каталонски индустријалец, кој во историјата ќе биде познат како човек кој ја финансирал оваа голема идеа на Гауди, дело на кое и денес се восхитуваме.  Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ центарот на Барселона, Ноќевање. 

 

23.10.2026  Барселона

Појадок. Слободен ден за индивидуално истражување на Олимписката убавица. Ноќевање.

 

24.10.2026

Слободно претпладне за индивидуални активности. Состанок на групата во договорено време. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 21:40 часот и пристигнување во 00:25 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.09.2026: 579 евра / 35.900 денари 

Редовна цена на аранжманот: 679  / 42.100 ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром 
  • Сместување во хотел во Барселона на база 4 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Барселона со водич и превоз (30€)
  • Побле Еспањол (25€)
  • Парк Гуел со вклучена влезница (40€)

 

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ (90€)

  • Цената на излетите е важечка за мин. 20 лица (патниците треба да се изјаснат и да ги уплатат  излетите при улата на аранжманот)
  • Задолжително патничко осигурување 300 ден (за лица до 60 години)
  • Чекиран багаж до 10кг. – 30€
  • Туристичка такса 30 евра по лице за 4 ноќевања
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 17.400 ден

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај. ( Двокреветна соба може да биде со брачен кревет или со два единечни кревети, трокреветна соба може да биде со три класични кревети, брачен кревет и единечен класичен кревет, брачен кревет или два единечни кревети и дополнителен кревет ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични кревети, брачен кревет и два единечни класични кревети, брачен кревет или два единечни кревети и два дополнителнителни кревети (ранч кревет или софа)
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Задолжителна уплата при резервација 30% од вредноста на аранжманот, износ кој е неповратен во случај на отказ на патникот
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИМПАЛА ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање

 

N

Translate »