06.11.2026 – 10.11.2026
5 ДЕНА / 4 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
КОПЕНХАГЕН – Главниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по квалитет на живот.
ГЕТЕБОРГ – Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени паркови, пријателски дух и вкусна храна. Гетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати по својот пријателски и духовит карактер.
ОСЛО – Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура, природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинаија, денес е пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.
СТОКХОЛМ – Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни улички стојат веднаш до современи стаклени згради.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Стокхлом во 17:55 часот, слетување во 21:10. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Панормаска посета на спомениците во Стокхлом, дворецот Drottingholmen со посета на неговите прекрасни градини, Градското собрание, стариот град и централниот остров Gamla Stan каде што се наоѓа стариот кралски дворец, централниот плоштад на градот и најубавиот Stortoget каде пто се наоѓа Шведската академија и Музејот на Нобел. Поаѓање за Орберо. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Краток разглед на Орберо. Поаѓање за Осло. Патувањето трае околу 3 сати. Организиран разглед на Осло: Aksershus замок, Rathuset – градско собрание и место на доделување на Нобеловите награди; Карл Јохан – главна улица со Националниот Театар, парламент и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen – скијачка патека и панорама. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на Гетеборг: плоштадот Густав Адолф; Градското собрание, Stortorget и Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт ]„Хаг“ и Gotaplatsen плоштадот; Nordstan – најголемиот шопинг центар во Скандинавија. Патувањето продолжува кон Хелсингор. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден
Појадок. Поаќање за Хелсингор со фери брод каде што се наоѓа замокот во кој се одвиваат настани од делото на Шекспир , Хамлет. Патувањето трае околу еден час. Посета на замокот околу еден час. Продолжуваме за Копенхаген, патувањето трае околу 1 час. Организиран разглед на градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот, како и Rundetaarn (Округлата кула) – стара опсерваторија; Rådhuspladsen – градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace – актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace – кралска палата со колекција на крунски накити; Amalienborg – резиденција на кралската фамилија; Frederick’s Church – впечатлива барокна црква; Малата сирена – позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен. Продолжуваме до Малме преку мостот Оресунд. Посета на центарот во Малме. Поаѓање за аеродром. Поаѓање од Малме во 21:20часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Важна напомена:
Општи услови:
Ф