Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеала подеми и падови како неколку други метрополи во светот. За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги поставила темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога ќе се спомене Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признат како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик – место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина.
ПРВ ДЕН – 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 19.00 часот. Поаѓање за Атина во 19.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА
Пристигнување во Атина. Панорамски разглед на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитетот…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 01.01.2027 (ПЕТОК) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН
После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2027 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата слободно време за себе, посета на познатото кафуле Little Kook и враќање во хотел. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог на лекарството во грчката митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. Во договорено време се враќаме према хотел по останатите патници и тргаме према Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утриснкин часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
НАПОМЕНИ:
S