Авион 4 дена / 3 ноќевања
05.12 (Сабота) Скопје – Барселона
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 часот. Полетување за Барселона во 12:35 и пристигнување во 15:30 часот. Организиран трансфер од аеродром до хотел и сместување. Попладневна прошетка за први впечатоци на Барселона, плоштадот Еспанија, прекрасните Магични фонтани, споменикот на Колумба и прошетка по Ла Рамбла…. Препорачуваме вечера со специјалитети на шпанска кујна, тапаси – мали порции од различни јадења кои најчесто се комбинираат со вино или пиво. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
06.12 (Недела) Барселона – Парк Гуел
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла… Разгледот завршува со посета до паркот ‘Гуел’ – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди препознатлив по својата уникатност денес е дел од листата на UNESCO. Враќање со јавен превоз. Слободно попладне. Во вечерните часови посета на божиќен базар. Барселона го има еден од најстарите и најпознатите божиќни базари со стотици штандови, ракотворби, украси и традиционални каталонски фигури. Во Барселона во декември, има неколку работи што реално вреди да ги пробаш особено околу божиќните базари: чуроси – пржени стапчиња од тесто со густо топло чоколадо, пататас бравас – пржени компири со пикантен сос, крокети – кремасти, крцкави топчиња (со шунка, пилешко или сирење), морски плодови (лигњи, ракчиња) свежи и многу популарни… Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
07.12 (Понеделник) Барселона – Саграда Фамилија
Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на ремек делата на архитект Антони Гауди. Саграда Фамилија, највпечатливото архитектонско ремек дело во светот и препознатлив симбол на Барселона, создадена според визијата на славниот архитект Гауди базиликата плени со своите величествени кули, богато украсени фасади и уникатен ентериер исполнет со светлина и бои. Каса Висенс едно од првите значајни дела на славниот Гауди куќата се издвојува со својата шарена фасада, богати декоративни детали и уникатна комбинација на различни архитектонски стилови денес Каса Висенс е дел од светското наследство на УНЕСКО и претставува прекрасно место за запознавање со почетоците на креативниот свет на Гауди. Ла Педрера позната и како Каса Мила е најнеобична градба во Барселона таа се препознава по својата брановидна камена фасада, уникатните балкони и впечатливата покривна тераса со необични оџаци. Ова архитектонско ремек дело е дел од светското наследство на УНЕСКО и претставува прекрасен пример за креативноста и препознатливиот стил на Гауди. Каса Батљо cместена на познатата авенија Пасеџ де Грасија градбата привлекува внимание со својата фантастична фасада, живописни бои, необични форми и детали инспирирани од природата. Нејзиниот уникатен ентериер и препознатливиот покрив ја претвораат посетата во вистинско визуелно доживување и незаборавна средба со креативниот свет на Гауди. Во попладневните часови препорачуваме посета на Аквариумот еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која ви нуди уникатен панорамски поглед да се види Барселона и нејзиното пристаниште со целоит раскош. Или повторно посета на божиќен базар. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
08.12 (Вторник) Шпанско село – Скопје
Појадок. Препорачуваме посета на Шпанското село или „мини Шпанија“ во Барселона – отворен музеј со реплики на згради од различни региони, како да прошеташ низ повеќе градови одеднаш, архитектура од цела Шпанија, куќи, плоштади и улици инспирирани од Андалузија, Кастилја, Каталонија итн… Занаетчиски работилници каде може да се види како се прави стакло, керамика, накит… Музеи и изложби – уметнички простори со дела од шпански автори… Плоштади и улички за прошетка – многу фотогенично место со ресторани и барови каде може да се пробаат тапаси и традиционални јадења, вино и Cava шпанско пенливо вино многу слично на шампањ. Можност да седнете на плоштад и да јадете во мирна атмосфера. Може да се купат сувенири, рачно изработена керамика, кожни производи, накит… Времето за престој не е ограничено можете слободно цело претпладне да уживате во Шпански село. Или слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 16:00 часот и пристигнување во 18:45 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Напомена:
Напомени:
M