Будимпешта ✈️ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будимпешта ✈️

Будимпешта

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

 

Будимпешта, главниот град на Унгарија, сместен на бреговите на реката Дунав, е еден од најубавите и најелегантни градови во Европа. Познат по својата импресивна архитектура, историските мостови и богатата културна сцена, таа со право ја носи титулата „Бисер на Дунав“.

Градот е прочуен и по своите термални бањи, пријатни кафулиња и живописни улици каде што минатото хармонично се спојува со современиот начин на живот. Будимпешта нуди совршена комбинација од култура, историја, забава и релаксација поради што се вбројува меѓу најпосакуваните туристички дестинации во Европа.

 

04 декември  (петок)  Скопје – Сент Анреа – Будимпешта

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:45 часот. Полетување за Будимпешта со авиокомпанијата Wizz Air во 07:55 и слетување во 09:20 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер и комбинирано панорамско и пешачко разгледување на Будимпешта со локален туристички водич. Ќе се видат Плоштадот на хероите и Милениумскиот споменик, Операта, авенијата Андраши, улиците Ваци и Ракочи, Парламентот, базиликата „Свети Стефан“, мостовите на Дунав што ги поврзуваат Будим и Пешта, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Свети Матијас“ и Рибарската тврдина. Потоа следува посета на живописното гратче Сент Андреа сместено на брегот на Дунав и познато како „градот на уметниците“. Ќе може да се ужива во шармантната барокна архитектура, тесните калдрмисани улички, бројните галерии, музеи и занаетчиски продавници. Предвидено е слободно време за прошетка низ старото градско јадро, разгледување на локалните уметнички дела и запознавање со автентичната унгарска атмосфера.

Враќање во Будимпешта и сместување во хотел. Во вечерните часови ќе може да се прошета низ празнично украсениот град и да се посетат божиќните базари. Илјадниците светилки, мирисот на цимет и варено вино, традиционалните унгарски специјалитети и празничната музика создаваат вистинска зимска бајка. Ноќевање.

 

05 декември  (сабота)  Будимпешта

Појадок. Предвидено е слободно време за шопинг по познатата улица Ваци, прошетка низ центарот на градот и уживање во празничната атмосфера. Ќе може да се дегустираат традиционални унгарски специјалитети како солен или сладок лангош, гулаш и унгарска штрудла. Како дополнителна можност се препорачува посета на трговскиот центар Campona и на познатиот Тропикариум и Океанариум. На површина од околу 3.000 квадратни метри ќе може да се видат многубројни видови водни животни, егзотични птици и други тропски видови. Посебна атракција е стаклениот тунел долг 12 метри низ кој одблизу ќе може да се набљудуваат ајкулите што пливаат околу посетителите. Во текот на денот ќе може да се посетат волшебните божиќни базари во срцето на Будимпешта и да се почувствува нивната празнична магија. Ќе се прошета меѓу шарените дрвени куќички, ќе се ужива во мирисот на варено вино и цимет и ќе може да се пробаат традиционални специјалитети и да се изберат уникатни рачно изработени подароци. Илјадниците светилки, прекрасните декорации и празничната музика ќе создадат незаборавни празнични спомени. Ноќевање.

 

06 декемврии  (недела)  Будимпешта

Појадок. Можност за посета на Зоолошката и ботаничката градина во Будимпешта една од најстарите зоолошки градини во светот. Ќе може да се види богата збирка од повеќе од илјада животински видови, вклучувајќи ретки и егзотични животни, како и разновиден растителен свет.

Се препорачува и посета на термалната бања „ Szechenyi “ една од најголемите и најпознатите бањи во Европа. Во внатрешните и надворешните базени, термалните води, сауните и парните простории ќе може да се ужива во одмор и релаксација. Во вечерните часови е предвидена можност за факултативно крстарење по Дунав. Пловејќи под прекрасните мостови и покрај осветлените градски знаменитости, Будимпешта ќе може да се доживее во нејзиното најромантично издание.

Ноќевање.

 

07 декември  (понеделник)  Будимпешта – Скопје

Појадок (breakfast box). Организиран трансфер до аеродромот во Будимпешта. Полетување за Скопје во 05:55 и слетување во 07:20 часот.

 

Цена за уплати до 26.09: 399 евра (24.740 мкд)

Цена на аранжманот: 449 евра  (27.840 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Будимпешта – Скопје;
  • Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел Expo Tower 4* во Будимпешта на база три ноќевања со појадок;
  • Рачен багаж, една торба до 10 kg, со димензии 40 × 30 × 20 cm;
  • Организиран комбиниран панорамски и пешачки разглед на Будимпешта со локален туристички водич;
  • Посета на гратчето Сент Андреа;
  • Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето;

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса – 620 денари – се плаќа во агенцијата;
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг ( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање);
  • Крстарење со брод по Дунав – 25 евра – се плаќа во агенцијата;
  • Целодневна влезница за термалната бања „ Szechenyi “ – 40 евра. Влезницата овозможува користење на базените, сауните и парните бањи и се купува на лице место
  • Влезница за Тропикариумот – околу 15 евра – се купува на лице место;
  • Влезница за Зоолошката градина – околу 15 евра – се купува на лице место;
  • Патничко-здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба – 7.500 денари;

 

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби;
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари;
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување / пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите;
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата;
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање;
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка;
  • Организатор – носител на аранжман е друга агенција, партнер на Импала Травел;

 

 

M

Translate »