Авион / 4 дена/ 3 ноќевања
09.10 петок СКОПЈЕ – Tирана – ВАЛЕНСИЈА
Состанок на групата на улица Македонија (хотел Бристол) во 12.00 часот, поаѓање за аеродрмот во Тирана. Полетување за Валенсија во 19.00 часот и пристигнување во 22.00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
10.10 сабота ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Разглед на Валенсија, град на море, богат со уметност, модерна архитектура и древно старо градско јадро. Совршен град за прошетки, храна и фотографии…. Главните одбележја на Валенсија: Градот на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias), најпознатата зона во Валенсија, со модерна архитектура од Сантјаго Калатрава, тука се Oceanogràfic (најголемиот аквариум во Европа), Hemisfèric, Музејот на науката, историскиот центар (Ciutat Vella), го чинат Катедрала за која се тврди дека го чува „Светиот Грал и кулата El Miguelete со прекрасен поглед, Plaza de la Virge, еден од најубавите плоштади во градот, La Lonja de la Seda (Силк Екченџ), готската зграда со огромна сала која е симбол на трговијата на Валенсија и под заштита на UNESCO и не помалку значајно Mercado Central, голема модернистичка пазарна хала, идеално место за дегустација на свежи производи. Парк Туриа, совршен е за пешачење и секао плажите и марината во Валенсија, создадени за уживање и вечера покрај море.. Слободно попладне. Ноќевање.
11.10 недела ВАЛЕНСИЈА – ТОЛЕДО – МАДРИД
Појадок. Патување за Мадрид со посета на Толедо, разглед на главните знаменитости во Толедо, градот-музеј познат како „Град на трите култури“ (христијани, муслимани и Евреи) и е под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо, најубавата точка од која целиот Толедо изгледа како разгледница. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Мост Алкантара, импресивен средновековен мост, историскиот влез во Толедо, место за одлични фотографии. Катедрала Примада (Catedral de Santa María de Toledo), вклучена влезница со водич, една од најимпресивните готски катедрали во Европа, а внатре се делата на Ел Греко, Гоја и Ван Дајк, раскошна сакристрија. Препорачуваме индивидуално да се посети црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Слободно време за ручек. Поаѓање за Мадрид во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно вечер за запознавање на градот. Ноќевање.
12.10 понеделник МАДРИД
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич на централното јадро на Мадрид и неговите главни знаменитости. Центар на Мадрид најчесто се смета за областа околу Пуерта дел Сол, Пласа Мајор, Кралската палата и Гран Виа. Тоа е најживиот дел од градот – мешавина од историја, култура, архитектура и модерни урбани содржини. Пуерта дел Сол, тука се наоѓа „Километарот 0“, позната по статуата на мечката и дрвото. Плаза Мајор, голем историски плоштад опкружен со аркади, некогаш место за пазари и фестивали, а денес полн со кафулиња и уметнички штандови, ви препорачуваме тука да испиете едно кафе и да пробате „чурос“ со чоколадоГран Виа, главната авенија или ште позната како мадридски „Бродвеј“, богата со театри, музички претстави, шопинг, историски згради. Посета на Кралска палата, најголемата кралска палата во Западна Европа, со импресивни дворови, градини и раскошни сали (вклучена влезница). Слободно попладне. Препорачуваме да се посетат квартовите Чуека и Маласања, модерни, артистички квартови во центарот, познати по барови, ресторанчиња каде можете да направите пауза за ручек и да пробате тапаси, паела или мадридска кујна. Во вечерните часови ви препорачуваме да го посетите Темпло де Дебод, египетскиот храм сместен во парк и едно од најубавите места за зајдисонце во Мадрид. Ноќевање.
13.10 вторник МАДРИД – Сеговија
Појадок. Факултативна посета на Сговија, излет во околината на Мадрид ( околу 1 час возење во правец) вкупно целиот излет е 7 часа. Сеговија е еден од оние градови што изгледаат како да излегле од историска книга — мал, но преполн со спектакуларни места. Еве зошто навистина вреди да се посети: Градот е под заштита на UNESCO, Римскиот аквадукт – симбол на градот, ова е еден од најдобро зачуваните римски аквадукти во светот., Бајковитиот замок Алказар од Сеговија – овој замок изгледа како инспирација за Disney — и не случајно. Се издига над градот како брод и има спектакуларен поглед и Катедралата – „дамата на катедралите“ Катедралата во Сеговија, е една од последните готски катедрали во Европа. Разглед на стариот дел на градот: Пласа Мајор, панорама на Соборниот храм, плоштадот Св. Мартина, благороднички кварт со палати и цркви. Посета на замокот Алказар, изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Слободна програма. Ноќевање.
14.10 среда МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид. Триаголникот на уметноста, областа со најважните музеи: Прадо со класична европска уметност, еден е од најважните уметнички музеи во светот и вистински симбол на шпанската култура. Особено е познат по делата на: Диего Веласкез, Франсиско Гоја, Ел Греко, тука се и музејот Реина Софија сo модерна уметност, Тисен-Борнемиса со уметност од средновековие до модерна. Можност за уживање и лесна прошетка низ Парк Ретиро, големиот градски парк со езеро, стаклена палата и многу уметнички активности. Можност да се посети музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници. Додека пак за љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Трансфер од хотел (18.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 21.25часот и пристигнување во 00:50часот.
Дополнителни 30 евра попуст за резервации направени до 12.09
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Факултативи:
Напомена:
М