БАРИ – Стариот град (Bari Vecchia) плени со тесни калдрмисани улици, средновековни цркви и традиционални ресторани. Најпозната знаменитост е Basilica di San Nicola, а модерниот дел на градот нуди продавници, кафиња и променада крај морето.
АЛБЕРОБЕЛО – мал град во регионот Апулија, југот на Италија, познат по својата уникатна архитектура – традиционалните камени куќи со конусни покриви, наречени trulli. Стариот дел на градот е зачуван како светско културно наследство на УНЕСКО и нуди живописни улички, локални продавници и традиционални ресторани, што го прави уникатна атракција за сите.
ОТРАНТО – историски град на југот на Италија, кој плени со стариот дел со тесни улички, средновековни ѕидини и чаробно пристаниште. Главната знаменитост е Cattedrale di Otranto, позната по впечатливиот мозаик од 12. век. Градот нуди и убави плажи и можност за прошетки покрај морето.
ТАРАНТО – познат важен пристанишен и индустриски центар, со богато историско наследство од грчкото и римското време. Главните знаменитости вклучуваат Castello Aragonese – средновековна тврдина, старото пристаниште и Археолошкиот музеј. Градот нуди и убави прошетки покрај морето и локална гастрономија.
МАТЕРА-град заштитен од Унеско,град каде од белведерето на централниот плоштад. Ќе уживате во погледот на пештеките населби каде што луѓето живееле уште во палеолитот.
| ДАТУМИ НА ПОАЃАЊЕ | |
| 09.05.2026 – 12.05.2026 | 379 ЕUR |
| 13.06.2026 – 16.06.2026 | 389 EUR |
| 27.06.2026 – 30.06.2026 | 389 EUR |
| 18.07.2026 – 21.07.2026 | 399 EUR |
| 04.08.2026 – 07.08.2026 | 399 EUR |
Програма
1 ден – 09.05.2026 (сабота)
Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 21:55 ч. и пристигнување во 23:05 ч. Пристигнување и сместување во хотел во околината на Бари. Ноќевање.
2 ден – 10.05.2026 (недела)
Појадок. Организиран превоз со автобус, до Polignano a Mare со кратка посета на стариот дел, стариот римски мост, Lama Monachile плажата и споменикот на Domenico Modugno познат по познатата Италијанска песна ( Volare). Патувањето продолжува кон Алберобело (град заштитен од UNESCO) и се посетуваат традиционалните куќи Trulli. Следува посета на Отранто со Castello Aragonese – средновековна тврдина, градот каде ќе уживаме во морската шир, каде се мешаат Јадранското и Јонското море . Слободно време за ручек. Продолжуваме кон Лече со посета на Basilica di Santa Croce – барокна катедрала, црквата на Св. Марија, Piazza del Duomo – главниот плоштад, статуата на Sant’Oronzo, Porta Napoli – историска градска порта, замокот и амфитеатарот. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 11.05.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Taranto со разглед на Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral – катедрала, Ponte Girevole – ротационен мост, Lungomare – шеталиште покрај морето, Palazzo del Governo – државна зграда од времето на Мусолини. Потоа продолжуваме кон Матера град заштитен од UNESKO со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата Matera и црквите издлабени во карпи. Matera e позната по највкусен и крцкав леб во Италија. Тука се снимени и сцени од филмот (No time to die – 007) James Bond од 2021. Патувањето продолжува кон Алтамура со Piazza Duomo – главниот плоштад и катедралата на градот како и најстарата пекара Forno Santa Caterina од 1306 година повеќе од 700 години стара. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден – 12.05.2026 (вторник)
Појадок. . Поаѓање за Барлета со посета на главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica di Santa Sepolcro и Svevo Barletta Castle – средновековна тврдина. Потоа продолжуваме кон Puglia Village – шопинг центар каде ќе имаме слободно време. Продолжуваме кон Бари, каде ке ја посетиме црквата Свети Никола, каде што се наоѓаат моштите од Свети Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, и Piazza Mercantile – историски плоштад, театарот Teatro Margherita. Прошетка по шеталиштето Lungo Mare во новиот дел на Бари. Слободно време за кафе и шопинг на познатата улица во Бари Via Sparano. Трансфер до аеродром, полетување во 22:40 ч. и пристигнување во Скопје во 23:50 ч.
Вклучено:
Не е вклучено:
Напомена:
F