Град кој никогаш не спие, исполнет со арома на зачини, со звукот на живите пазари и прекрасната архитектура.
Истанбул – единствениот град метропола кој спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Градот претставува дом на многу култури, центар на империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат бројни историски знаменитости: џамии, цркви, синагоги, дворци и кули. Наполеон Бонапарта рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
09.10.2026 – петок
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување за Истанбул. По слетувањето, организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на англиски јазик (попатно до хотел). Попатно ќе се направи кратко запирање кај Моминската кула (Kız Kulesi) – еден од најпознатите симболи на Истанбул, сместен на мал остров во Мраморното Море, спроти Ускудар. Кратка пауза за прошетка и фотографирање со прекрасен поглед кон кулата и градот. Сместување во хотел Бристол 3+* во Бејоглу. Во вечерните часови, гратис пешачка тура до Галата кула и Каракој. Галата кула е некогашен затвор во модерната област Бејоглу, кој денес е една од најпопуларните туристички атракции. Околината на Галата кула е исполнета со тесни калдрмисани улички, мали дуќанчиња со занаетчии, продавници со накит, книги и мирис на свежо турско кафе што ве следи на секој чекор. По прошетката, можност за дегустација на прочуениот San Sebastian чизкејк – десерт кој ја освои Турција и светот со својот мек и кремаст вкус. Продолжуваме кон Каракој – едно од најшармантните места во Истанбул, каде што минатото и модерниот дух совршено се спојуваат. Улиците се полни со кафулиња, уметнички галерии и мали пекари кои ја создаваат автентичната атмосфера на градот. Ноќевање.
10.10.2026 – сабота
Појадок во хотел. Организирана посета на Долмабахче Палата, Ортакој, Балат, Таксим и улицата Истиклал. Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче Палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка и дегустација на познатиот kumpir – печен компир со различни додатоци. Продолжуваме кон Балат – еден од најфотографираните и најколоритни квартови во Истанбул, познат по шарените куќи, калдрмисаните улици, винтиџ кафулињата и автентичната атмосфера. Балат претставува вистински спој на традиција, уметност и локален живот, каде секоја улица раскажува своја приказна. Слободно време за прошетка, фотографии и уживање во уникатниот амбиент. Турата продолжува кон плоштадот Таксим – срцето на современиот Истанбул. Од Таксим, продолжуваме со пешачка тура низ прочуената улица Истиклал, една од најживите и најпознатите улици во градот. Истиклал е исполнета со продавници, кафулиња, галерии и улични музичари, создавајќи незаборавна атмосфера. Враќање во хотел. Факултативно – можност вечерно крстарење по Босфор со трансфер, богата шоу програма, вечера со вклучени алкохолни пијалоци. Ноќевање.
11.10.2026 – недела
Појадок во хотел. Факултативна посета на Обелиск, Султан Ахмет, Топкапи Палатата, Аја Софија, Базилика Цистерна и Капали Чаршија. Турата ќе ја започнеме со посета на Обелискот, еден од најзначајните историски споменици на плоштадот Султанахмет и сведок на богатото минато на Истанбул. Потоа следува посета на Сината џамија (Султан Ахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура, препознатлива по своите шест минариња и раскошен ентериер. Продолжуваме кон Топкапи палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на Отоманската империја, каде ќе се запознаеме со раскошниот дворски живот и богатата историја. Следната станица е величествената Аја Софија – симбол на спојот на културите и религиите, со грандиозен ентериер и импресивни мозаици. Потоа ќе ја посетиме мистичната Базилика Цистерна , едно од најинтересните подземни византиски ремек-дела во Истанбул, познато по својата уникатна атмосфера и антички столбови. Турата ќе ја завршиме со посета на легендарната Капали Чаршија, најголемиот покриен базар во светот, каде ќе имате слободно време за ручек, шопинг и уживање во локалната атмосфера. Во вечерните часови, пешачка тура до Галата Порт и уличките на Кадикој. Ноќевање.
12.10.2026 – понеделник
Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и слободно време за прошетка и шопинг на улицата Истиклал. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
| 05.3.2026 | PC352 | Skopje – Istanbul | 11:15 13:40 |
| 08.3.2026 | PC353 | Istanbul – Skopje | 18:35 19:05 |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.