8 дена / 7 ноќевања / авион
Сицилија е најголемиот остров во Средоземното Море, привлечен и сместен токму во неговото срце. Иако, неизбежно, првата асоцијација се однесува на некои организирани криминални групи на мафијата, овој остров со долга и богата историја, обдарен со разновидни природни убавини има да понуди многу повеќе. Од прекрасни плажи, добро вино, преку волшебни села и историски споменици – Сицилија никого не остава рамнодушен!
Марина ди Рагуза се наоѓа на листата на 5 -те најубавите плажи на Сицилија!
Марина ди Рагуза, се наоѓа на југоисточниот брег на Сицилија – вистински бисер меѓу туристичките дестинации и со право се наоѓа на листата на 5-те најубавите плажи на Сицилија. Оваа шармантна крајбрежна дестинација, позната по пространите златни плажи и кристално чистото море е идеално место за оние кои бараат релаксирачки одмор покрај море, уживајќи во сонцето и разни спортови и активности на вода. Плажите на Марина ди Рагуза се карактеризираат со ситен, златен песок, постепен влез во морето што ги прави совршени за семејства со деца, како и за оние кои сакаат удобно и безгрижно искуство на плажа. Лунгомаре, крајбрежното шеталиште е опкружено со бројни кафулиња, ресторани и продавници, нудејќи им на посетителите можност да уживаат во локалната кујна, пијалоци и пријатна атмосфера.
Покрај плажите, Марина ди Рагуза нуди и жив ноќен живот и културни настани во текот на летните месеци, со различни фестивали, концерти и настани кои го оживуваат градот и обезбедуваат забава и културни искуства за посетителите. Марина ди Рагуза е исто така добра почетна точка за истражување на други знаменитости и градови во регионот, како што се барокниот град Рагуза Ибла, Сцикли и Модика, кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.
Со посета на Марина ди Рагуза, ќе откриете не само прекрасни плажи, туку и гостопримлива атмосфера, богата културна понуда и автентични сицилијански искуства.
Хотел Acacia Marina 4* во Марина ди Рагуза – на 100 метри од морето со вклучени следниве услуги: WI-FI, лежалки и чадори покрај базен, тениско игралиште (со резервација), паркинг на отворено… Mинерални води и коктел за добредојде.
Сите соби гледаат кон убава градина и кон море. Опремени во модерен стил, тераси, удобни кревети, голем телевизор, фен, сеф, минибар…
Ден 1 СКОПЈЕ – ТИРАНА – СИЦИЛИЈА
Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Сицилија – аеродром Комизо во 15.30 и пристигнување во 17.05 часот. Организиран трансфер од аeродром до хотел (30km). Сместување. Слободно време. Ноќевање.
Ден 2-7 СИЦИЛИЈА
Појадок. Денови за одмор, уживање и капење. Можност за посета на факултативни излети…
Еден вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Сцикли (Scicli) со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли. Ноќевање.
Ден 8 СИЦИЛИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Тирана во 17.40 и слетување во 19.05 часот. Трансфер до Скопје.
Хотел Acacia Marina 4* |
27.06-04.07 |
18.07-25.07 |
08.08-15.08 |
Стандард 1/2 соба |
1046 |
1188 |
1365 |
Стандард 1/3 соба |
1036 |
1167 |
1327 |
1во и 2ро дете до 11 год. |
702 |
786 |
887 |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
M