СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Авион /4 дена /3 ноќевања
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
25.10.2025 (сабота) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 часот. Полетување за Париз во 12:35 и пристигнување во Париз во 15:35 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз со локален водич: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Сместување во хотел. Ноќевање.
26.10.2025 (недела) ПАРИЗ – Лувр –Елисејски Полиња – Ајфелова Кула– Сена
Појадок. Организирана пешачка тура : Од Пирамидата пред Лувр (влез со доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња со слободно време за шопинг и ручек, Триумфална капија , плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула. Можност за крстрење по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање
27.10.2025 (понеделник) ПАРИЗ – Дизниленд- Монмартр и Пигал- Латински Кварт
Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до забавниот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. За останатите препорака пешачка тура: посета на латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, Пантеон и Богородичната црква Норт Дам, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Враќање во хотел. Ноќевање.
28.10.2025 (вторник) ПАРИЗ- СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09:40 часот, пристигнување во 12.25 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
• Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
• 3 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
• Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организиран панорамски раглед на Париз со локален водич
• Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Нотр Дам
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,1 карнет за 1 возење)
• Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
• Туристичка такса 7 € по лице на ден – се плаќа кај претставникот на групата
• Влезница за Ајфелова Кула – влезница до 2-риот кат 30€, до врвот 68.30€ (пријавување во агенција)
• Влезница за Лувр 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
• Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
• Посета на Операта Гарние 40€ влезница со термин (пријавување во агенција)
• Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
*Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-120 € возрасен, дете до 12 год. 70-110 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
• Задолжително здравствено и патничко осигурување
Напомена:
H