Куќа “Poseidonio”
40.0156622, 23.5284686
25 % попуст
за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)
ПОЛИХРОНО е едно од најатрактивните туристички места на првиот крак на Халкидики – Касандра, сместено 98 км југоисточно од Солун, во живописниот залив Торонеос. Познато по својата неверојатна песочна плажа долга 7 километри со кристално чиста, плитка вода, ова место е идеално за семеен одмор и безброј водни активности. Опкружено со бујна медитеранска природа и убаво уредено осветлено шеталиште покрај морето Полихроно нуди мирна, но раздвижена атмосфера исполнета со ресторани, таверни, кафулиња, продавници и комплетно сите потреби за туристите. Благодарение на одличната локација, Полихроно е идеална точка за истражување на блиските места како Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос, Пефкохори, Паљури итн.
Куќа “Poseidonio” се наоѓа во централниот дел на Полихроно, лоцирана во мирна уличка на 280-300 метри од песочната плажа. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат ресторани, таверни, кафулиња, супермаркети и продавници. Идеален избор за семејства, парови и сите оние кои сакаат да бидат блиску до плажа и до центарот на Полихроно. Располагаме со еден квалитетен апартман за 4 лица, со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Куќата не располага со сопствен паркинг. Гостите имаат можност да ги паркираат своите возила на самата улица или на јавниот бесплатен паркинг во Полихроно, како и на околните улици на местата каде што паркирањето е дозволено.
1/2+2 апартман бр.1 – прв кат. Располага со дневна соба во која има аголна гарнитура на пуштање, целосно опремена кујна ( голем фрижидер, Air Fryer, плотна, комплет садови за готвење и јадење ), ТВ и клима уред, како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш и сопствена тераса со маса и столови.
1. Вонсезонски цени
| Термин |
Ноќевања |
1/2+2 апартман бр. 1
задолжително плаќаат 2 лица
|
| 16/05-23/05 |
7 |
109 |
| 23/05-30/05 |
7 |
119 |
| 30/05-06/06 |
7 |
189 |
| 06/06-13/06 |
7 |
249 |
| 13/06-20/06 |
7 |
289 |
| 20/06-27/06 |
7 |
309 |
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
2. Сезонски цени
| Термин |
Ноќевања |
1/2+2 апартман бр. 1 |
| 27/06-04/07 |
7 |
699 |
| 04/07-11/07 |
7 |
739 |
| 11/07-18/07 |
7 |
769 |
| 18/07-25/07 |
7 |
769 |
| 25/07-01/08 |
7 |
799 |
| 01/08-08/08 |
7 |
799 |
| 08/08–15/08 |
7 |
799 |
| 15/08–22/08 |
7 |
769 |
| 22/08-29/08 |
7 |
769 |
Цените во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања без превоз
3. Вонсезонски цени
| Термин |
Ноќевања |
1/2+2 апартман бр. 1
задолжително плаќаат 2 лица
|
| 29/08–05/09 |
7 |
309 |
| 05/09–12/09 |
7 |
289 |
| 12/09-19/09 |
7 |
199 |
| 19/09–26/09 |
7 |
119 |
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
- За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица | 5-то, 6-то, 7-мо и 8-мо лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
- Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
- Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
- Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичка такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
- Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
- Скопје – хотел ‘Russia’
- Куманово – БП Макпетрол (автопат)
- Велес – БП Макоил
- Неготино – БП Макпетрол Неготино
- ГП Богородица