Авион/ 10 дена/ 9 ноќевања
Одиме во Мароко! Во земјата која нуди богата таписерија на доживувања – меѓу тесните, преплетени улички на старите медини, грандиозната царска архитектура, живописните и миризливи сукови и крајбрежните развигори. Да се нурнеме во единствениот спој на арапска, имазигенска и европска култура, одразени во специфичната гастрономија, занаетчиството и секојдневниот живот. Ова патување ќе нè однесе на места каде минатото и сегашноста живеат заедно во хипнотична хармонија.
9 дена низ четирите кралски града и богатото наследство на Мароко
Од црвените ѕидини и живописните медини на Маракеш, преку елегантниот Рабат, историскиот Фес и величествениот Мекнес, до атлантскиот брег и космополитската Казабланка – патување низ различните лица на Мароко, неговото богато наследство и автентичниот ориентален шарм.
04. Декември (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на Аeродромот во Скопје во 19:00 часот, полетување за Истанбул во 20:45 и пристигнување во 00:15 часот (локално време). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
05. Декември (Сабота) ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА
Појадок. Трансфер до Аеродромот во Истанбул. Полетување за Казабланка во 11:45 и пристигнување во 13:50 часот. Трансфер до хотелот со запознавање со Казабланка и сместување во хотелот. Со нашиот локален водич поаѓаме во истражување на најголемиот град во Мароко: шетаме до импресивната Џамија на Хасан Втори, една од најголемите во светот, драматично лоцирана над Атланскиот Океан. Одиме до Кралската Палата со фото-пауза и до живописната крајбрежна променада (корниш) Ан Диаб. Ноќевање.
06. Декември (Недела) КАЗАБЛАНКА – МЕКНЕС – ФЕС
Појадок. Прошетка низ историскиот кварт Хабус кој го викаат и Нова Медина, а познат по традиционалните пазари, сукови за маслинки и марокански слатки и продолжуваме низ градскиот центар и импресивниот Плоштад Мохамед Петти. Слободно време за купување сувенири. Поаѓање за Мекнес и уживање во крајоликот на патот кон запад. Разглед на Мекнес со портата Баб Мансор, една од најимпресивните градски порти, прекрасно реставрираниот и историски значаен Мавзолеј на Мулај Исмаил, Медресата Бу Инанија и Плоштадот Ел Хедим полн со кафетерии и дуќани. Во попладневните часови, продолжуваме за Фес, културната престолнина на Мароко, чија медина е една од најстарите непрекинато населени градски целини во светот. Сместување во хотелот. Ноќевање.
07. Декември (Понеделник) ФЕС
Појадок. Фес е енциклопедија и културна престолнина на Мароко. Неговата стара медина Фес ел-Бали, исполнета со илјадници тесни улички, денес функционира речиси непроменета, со традиционални занаети, кожарски работилници и најстариот Универзитет во светот кој сè уште работи. Разгледот започнува од Борџ Суд, историската тврдина од која се отвора панорамски поглед кон покривите и минарињата на Фес. Продолжуваме кон Кралската палата, за фото-пауза пред нејзините импозантни бронзени порти, едни од најубавите архитектонски детали во Мароко. Низ прочуената Баб Бу Ж’луд, односно Сината порта, влегуваме во историската медина на градот, каде се открива префинетата архитектура на Mедресата Бу Инанија, а однадвор го разгледуваме и комплексот на Џамијата и Универзитетот Ал-Каравијин. Нашата прошетка продолжува до легендарните кожарници Шауара, каде обработката на кожа и денес се одвива по техники што речиси непроменети се пренесуваат со векови. Мирисите, боите и занаетчиската умешност го прават ова едно од највпечатливите искуства во Фес. Можност за ручек во радиционалниот Palais Mnebhi, по што следува слободно време за индивидуална прошетка, шопинг и уживање во автентичната атмосфера на медината. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
08. Декември (Вторник) ФЕС – ШЕВШАУЕН
Појадок. Патувањето продолжува кон планините Риф, каде се наоѓа најфотогеничниот град во Мароко – Шефшауен. По пристигнувањето и сместувањето, уживање во градот кој плени со својата препознатлива сина архитектура. Калдрмисаните улички, сините фасади, малите плоштади и уметничките дуќани создаваат атмосфера која изгледа како разгледница. Рачно изработените сувенири, мирисот на свежо печен леб и симпатичната атмосфера го прават Шефшауен едно од најпрепознатливите места во Африка. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
09.Декември (Среда) ШЕВШАУЕН – РАБАТ
Појадок. Утрото е резервирано за индивидуално откривање на сината медина – идеално време за дополнителни фотографии, локално кафе и купување сувенири во уметничките дуќани. Патувањето продолжува кон Рабат, елегантниот главен град и достоинствената престолнина на Кралството Мароко. Сместување во хотелот. За разлика од живописниот Маракеш, Рабат плени со својата префинета елеганција, широките булевари, уредените градини и внимателно сочуваните историски вредности. Неговата медина и историскиот центар се дел од светското наследство на УНЕСКО, сведочејќи за богатата историја и културното значење на градот. Нашиот разглед започнува со панорамски поглед кон Кралската палата, официјалната резиденција на мароканското кралско семејство, по што продолжуваме кон величествениот Мавзолеј на Мохамед V – едно од најзначајните архитектонски остварувања на современо Мароко. Изграден од бел мермер и украсен со раскошни мозаици, кедрово дрво и препознатлив зелен покрив, мавзолејот претставува симбол на современото Мароко и неговото национално наследство. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
10. Декември (Четврток) РАБАТ – МАРАКЕШ
Појадок. Во непосредна близина се издига Кулата Хасан, недовршено минаре од XII век и еден од најпрепознатливите симболи на Рабат. Нејзината монументална архитектура сведочи за амбициозната визија на Алмохадската династија и за значењето што градот го имал низ историјата. Разгледот го заокружуваме во Касба Удајас, историска тврдина и еден од најживописните делови на Рабат. Бело-сините куќи, андалузиските градини и тесните калдрмисани улички создаваат препознатлива атмосфера, додека од нејзините видиковци се отвора прекрасен поглед кон реката Бу Регрег и Атлантскиот Океан. Патувањето продолжува кон Маракеш, познат како „Црвениот град“, еден од најзначајните историски центри на Мароко, препознатлив по карактеристичната архитектура, старите ѕидини, палмите и живописните пазари. Сместување во хотелот. Попладнето е резервирано за прошетка низ медината, каде секој сокак крие мали занаетчиски работилници, ориентални мириси и рачно изработени предмети што ја раскажуваат приказната на градот. Ноќевање.
11. Декември (Петок) МАРАКЕШ
Појадок. Денот го посветуваме на Маракеш, започнуваме со разглед на градот кој со векови бил престолнина и центар на моќта на мароканските династии. Нашата прва средба со неговото кралско наследство е Палатата Бахија, раскошен спој на мароканска архитектура, прекрасни дворови, префинети мозаици, резбано дрво и внимателно изработени декоративни детали. Продолжуваме кон Кутубија, најпознатата џамија и еден од главните симболи на Маракеш. Потоа влегуваме во старата медина, срцето на историскиот Маракеш. Лавиринтот од тесни улички нè води покрај традиционални дуќани, работилници и мали продавници исполнети со ракотворби, ткаенини, зачини и автентични марокански производи. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
12. Декември (Сабота) МАРАКЕШ
Појадок. Продолжување со разгледувањето на Маракеш и можност за посета на Jardin Majorelle, една од најпрепознатливите градини во градот. Создадена од францускиот уметник Жак Мајорел, градината претставува впечатлива композиција од егзотични растенија, палми, кактуси, бамбус и водни површини, надополнета со карактеристичната интензивно сина боја која денес неразделно се поврзува со Маракеш. Подоцна, Jardin Majorelle е обновена и зачувана благодарение на Ив Сен Лоран и Пјер Берже, кои препознале во неа посебна уметничка и културна вредност. Денес, градината е едно од најпознатите места во Маракеш, а во рамките на комплексот се наоѓа и Музејот на берберската уметност, со внимателно избрана колекција што ја претставува богатата традиција и разновидноста на имазигенската култура. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13. Декември (Недела) МАРАКЕШ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
По појадокот, нашата прошетка продолжува до Џема Ел Фна, прочуениот централен плоштад и едно од најраздвижените места во градот. Со своите улични изведувачи, традиционални занаетчии, мириси и бои, плоштадот ја открива најавтентичната и најдинамична страна. Слободно време за ручек и уживање во автентичните вкусови на мароканската кујна. Организиран трансфер до Аеродромот во Маракеш. Полетување за Истанбул во 22:55 и пристигнување во 06:55 часот. Полетување за Скопје на 14 Декември во 08:25 и пристигнување во 07:55 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
A