1 МАЈ Куќа ‘La Plage’ - Неа Флогита, Грција - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

1 МАЈ Куќа ‘La Plage’ – Неа Флогита, Грција

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА 1 МАЈ

Куќа “La Plage” – Неа Флогита, Грција

40.255254, 23.224670

 

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.

Куќа „La Plage“ е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, прва линија море, на сама плажа. Располагаме со високо квалитетни 3 четирикреветни студија, 2 четирикреветни апартмани и 2 дуплекс апартмани (сите со директен, отворен поглед на море). Сите соби располагаат со големи тераси, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ,  реновирани нови тоалети и комплетно опремени кујни. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Пред вилата има кафе бар со лежалки во кој нашите патници имаат поволности. Вилата располага со 2 дополнителни помошни кревети, како и 2 креветчиња за бебе (се добиваат бесплатно по принцип на прва резервација). Куќата е повеќе години во нашата понуда и е добро позната на нашите патници.

Студио бр. 1 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.

Дуплекс бр. 2 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, 2 одвоени спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во прва спална соба има француски кревет  за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.

Студио бр. 3 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и аголна гарнитура на пуштање.

Апартман бр. 4 – прв кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен фронтален поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица а во дневна соба софа на пуштање.

Студио бр. 5 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.

Апартман бр. 6 – втор кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица и софа на пуштање а во дневна соба софа на пуштање.

Дуплекс бр. 7 – втор кат. Огромен дуплекс апартман кој располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во дневна соба има аголна гарнитура на пуштање, во една соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.

 

ПОНУДА ЗА 1 МАЈ – КУЌА “La Plage”, Неа Флогита
Период на престој: 30.04.-04.05.2026
Тип на сместување 2 ноќи 3 ноќи
Студио бр. 1 125 € 180 €
Студио бр. 3 и бр. 5 130 € 190 €
Апартман бр. 6 140 € 205 €
Апартман бр. 4 145 € 210 €
Дуплекс апартман бр. 2 150 € 215 €
Дуплекс апартман бр. 7 165 € 240 €
Пакет цена за наем за 2 ноќи или 3 ноќи / сопствен превоз

 

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА – СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС АПАРТМАН  ЗА 2 НОЌЕВАЊА или 3 НОЌЕВАЊА
  • Понудата е исклучиво за со сопствен превоз 
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Студио бр. 1

Дуплекс бр.2

Студио бр. 3

Апартман бр. 4

Студио бр. 5

Апартман бр. 6

Дуплекс бр. 7

Translate »