Термин: 01.05.-04.05.2026
Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро… исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез … Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор, Кралска палата и оружарницата… И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц…
01.05 (1 Ден) СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:50ч, лет за Мадрид во 16:50ч. Пристигнување во Мадрид во 20:40ч. Трансфер до хотел и сместување.
02.05 (2 Ден) МАДРИД
Појадок. По појадокот организиран факултативен пешачки разглед на Мадрид. Кралскиот град совршено ги спојува традиционалното и модерното. Неговиот шарм е дискретен, но силен, неговата историја богата, но природно вклопена во современиот пулс на секојдневниот живот. Ќе ве освои со неговите широки барокни булевари, импозантни градби, динамични пазари и волшебни паркови.
Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor,палатата Palacio Real de Madrid, катедралата., плоштадот Puerta del Sol…. Слободно време за индивидуални активности, шопинг, кафе, ручек. Попладнето можност за посета на паркот El Retiro, триумфалната капија и фонтанатаCibeles. За љубителите на уметноста можност за посета на музејот Реина Софија познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника”. Ноќевање.
03.05 (3 Ден) МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Величественото ТОЛЕДО, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска. Заедно со локален водич ќе ги посетиме знаменитостите во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе баровите и рестораните околу главниот плоштад.
Толедо е и град на познатиот сликар Ел Греко кој тука живеел и работел. Па, неизбежен дел од посетата на овој град се и неговиот музејот како и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо. Враќање во Мадрид. Слободно време. Можност за посета на музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило…. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко. Ноќевање.
04.05 (4 Ден) МАДРИД– СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Тисен Борнемица или Кралската палата која со повеќе од 3400 простории е најголема во Западна Европа. Нејзината внатрешност ја отсликува уметничката и занаетчиската големина на Шпанија низ вековите – ткаенини од свила и дамаст, фрески насликани од Гоја, позлатен мебел… За љубителите на фудбалот можност за посета на фудбалскиот стадион Santiago Bernabeu, дом на најтрофејниот и најпознатиот фудбалски клуб во светот, кралскиот Реал Мадрид. Околу 18:00 трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 21:25 и слетување во 00:50.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
No