Брисел и Амстердам (20.03-23.03) - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Брисел и Амстердам (20.03-23.03)

БРИСЕЛ и АМСТЕРДАМ

 

4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

 

Брисел – важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските катедрали. Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на своите жители, бучните улици и големите трговски центри.
Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството. Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети, па дури и да живее таму. Познат е по каналите низ градот, по грижата на жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.

 

1 ден – 20.03.2026 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Брисел во 06:00 ч., Слетување во 08:55 ч. Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум – иконскиот споменик на Брисел,, паркот Cinquantenaire, возење низ Европскиот кварт со кратко застанување кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и Place Royal – централниот кралси плоштад. Потоа следува Mont des Arts –
панорамски културен комплекс и градина, како и пешачки разглед на стариот дел на градот, разглед на Стариот град: Grand Place – главниот градски плоштад, Brussels City Hall и Guild Houses – историските еснафски куќи, посета на Manneken Pis – најпознатата скулптура во градот, како и Galeries Royales Saint-Hubert – покриена луксузна трговска галерија. Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање

2 ден – 21.03.2026 (сабота)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневен разглед на градот: Minnewater Park и езерото Minnewater – познато како „Езерото на љубовта“, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage)
– историскиот бегински комплекс, разглед на градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt – главниот плоштад со кулата Belfry of
Bruges, како и Burg Square со Bruges City Hall (Stadhuis) и Basilica of the Holy Blood – една од најзначајните верски градби. Факултативно: искачување на кулата Belfry of Bruges или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-белгиската граница. Ноќевање.

3 ден – 22.03.2026 (недела)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Amsterdam и панорамски разглед на градот: Dam Square – централниот плоштад, Royal Palace Amsterdam, Nieuwe Kerk и National Monument. Потоа следува минување покрај Magere Brug (Skinny Bridge) – познатиот дрвен мост, и реката Amstel. Разгледот продолжува со надворешна посета на Rijksmuseum – националниот музеј, Van Gogh Museum и Concertgebouw – прочуената концертна сала. Пешачка тура низ Jordaan – една од
најживописните населби, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: пловидба со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден – 23.03.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: панорамски разглед на градот: Peace Palace – седиштето на Меѓународниот суд на правдата, Binnenhof – парламентарниот комплекс и Noordeinde Palace – работната кралска палата. Потоа продолжување кон Rotterdam, со можност да се видат Erasmus Bridge – еден од симболите на градот, Markthal – модерна покриена пазарна хала и Cube Houses (Kubuswoningen) – познатите куќи-коцки. Трансфер кон Eindhoven. Полетување во 16:10 ч., слетување во Скопје во 18:50 ч.

 

Цена по лице : 489€

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  •  Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен – Скопје со
    Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Оргнизирани панорамски разгледи на градовите со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот
    престој
  • Туристичка такса

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезница за во објектите и културно-историските споменици
  •  Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за
    водичот

Важна напомена:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и
    пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат.
  • Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на  хотелот се дава 1-2 дена предтргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето.
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%.
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали.
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €.
  • Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани.
  • Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Импала Травел.

Ф

Translate »