Термин: 20 – 24 Октомври 2026
20.10.2026 Скопје – Барселона
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:00 часот. Полетување за Барселона во 18:00часот и пристигнување во 20:50 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
21.10.2026 Барселона Панорамика + Poble Espanyol (Шпанско село)
Појадок. Препорачуваме организиран панорамски разглед на градот: Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона, на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело e црквата Sagrada Familia (индивидуални влезници). Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Магичните фонтани, Националната палата, арените за корида… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Можност да се искачите на брдото Монжуик со фуникулар и да уживате во прекрасната панорама на градот или да прошетате по најшарената улица на светот Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај. Барселона нуди вистинска можност за истражување и уживање во нејзините убавини, музеи, шпанската кујна, шопинг… По разгледот препорачуваме посета на Шпанското село, една од големите атракции во Барселона изградени за Светската изложба во 1929 год. Иако било планирано селото да се сруши по завршување на изложбата, заради неочекувано големиот интерес тоа не е сторено. Денес Poble Espanyol е своевиден музеј на архитектурата и културата на Шпанија, со 117 градби, плоштади, улици, продавници, типични за 15 различни области во Шпанија. Во составот на селото се наоѓа и театар, музеј на современа уметност, уметнички работилници и ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија. Ноќевање.
22.10.2026 Барселона – Парк Гуел
Појадок. Препорачуваме посета на импресивниот парк Гуел, во кој генијалниот Гауди ја реализирал идејата за единството на природата и уметноста. Парк Гуел е еден од најпознатите симболи на Барселона кој привлекува со својата шарена керамика и луда архитектура. Сместен во Ла Салут, на падините на планините Колсерола, претставува единствена мешавина од природата и урбанизмот. Еузеби Гуел е богат каталонски индустријалец, кој во историјата ќе биде познат како човек кој ја финансирал оваа голема идеа на Гауди, дело на кое и денес се восхитуваме. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ центарот на Барселона, Ноќевање.
23.10.2026 Барселона
Појадок. Слободен ден за индивидуално истражување на Олимписката убавица. Ноќевање.
24.10.2026
Слободно претпладне за индивидуални активности. Состанок на групата во договорено време. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 21:40 часот и пристигнување во 00:25 часот.
ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.09.2026: 579 евра / 35.900 денари
Редовна цена на аранжманот: 679 € / 42.100 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ (90€)
НАПОМЕНИ:
N