ПОПОЛНЕТО
Авион /4 дена /3 ноќевања
Неапол, шармантен град со богата историја, неверојатна архитектура и жив уличен живот, градот кој ќе ви помогне да ја вкусите и доживеете вистинска Италија. Домот на многу атракции, иако многумина Неапол веднаш го поврзуваат со пристаништен град, тој е многу повеќе од само тоа. Центарот на градот кој е под заштита на УНЕСКО, брои 3 огромни замоци, кралска палата и цркви и катедрали кои не може да се добројат, мали плоштади на секој чекор, каде што може да седнете, да одморите и да уживате на сонце и во чаша аперол. Градот има и жичница која ве води до врвот на Неапол и нуди прекрасен панорамски поглед. И секао да не се заборави пицата, која Неапол се сфаќа многу сериозно. Постојат многу строги правила кои пицериите и рестораните мора веродостојно да ги следат со цел да ги исполнат критериумите на Асоцијацијата за наполитанскa пица. Во близина се монденскиот остров Капри и Амалфиското крајбрежје.
10.04.2026 (петок ) Скопје – Неапол
Состанок на групата на ареодромот во Скопје во 14.30 часот. Полетување за Неапол во 16.30 и пристигнување во 18.10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Препорачуваме кратка прошетка и вечера, задолжително е да пробате наполитанска пица. Ноќевање.
11.04.2026 (сабота ) Неапол – Капри
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: сместен во срцето на Наполи, плоштадот Пјаца дел Плебисито е еден од најголемите, а тука се наоѓаат Кралската палата, Галеријата Умберто, театарот Сан Карло, замокот Castelo Nuovo, Фонтаната на Нептун, пристаништето и Палатата на Имаколатела… Преку Виа С. Грегорио Армено, живописна уличка позната по занаетчиските продавници до катедралата Сан Франческо посветена на светецот – заштитник на Неапол. Кратка пауза.
Во попладневните часови факултатива целодневна екскурзија на Капри, спој на природни убавини, стара архитектура и гламур… да се доје на Капри или како го нарекуваат „островот на љубовта“ за да се вкуси италијанската „бела вита“ во најавтентичната форма, да се проба познатото лимончело и да се препуштете се на шармот… Пристигнувањето во пристаништето Гранде Марина и посета на истоимениот главен град на островот… посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione, симболот на островот, Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век… Можност за прошетка низ старите улици со сувенирници. Со организиран превоз посета на гратчето Ана Капри, вечниот соперник на градот Капри од средниот век, прошетка и слободно време за ручек. Враќање во Неапол. Враќање во хотел со место. Ноќевање.
12.04.2026 (недела ) Соренто – Амалфи – Равело
Појадок. Факултатива целодневна екскурзија на Амалфиското крајбрежје со организиран трансфер. На туристичката мапа обележани како места кои мора да се посетат, ова патуватување се смета за едено од најспектакуларните во Европа поради прекрасните пејзажи, а возењето покрај самиот брег го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај брегот го комплетираат впечатокот.
Соренто го нарекуваат Сончевиот Град, со неверојатено воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, а во подножјето бистрата тиркизна вода на Тиренското Море…
Амалфи, некогашната моќна поморска сила по која го добил името целиот брег. Самиот град е под заштита на УНЕСКО, тој е бисер на средновековната архитектура со тесни улички, прошетка до катедралата Св.Андреј со импресивните скалила и декоративната фасада.
Равело е едно од најволшебните места на Амалфиското крајбрежје – тивко, романтично и сместено високо над морето, како природна тераса со поглед што остава без здив. Познат е по својата мирна атмосфера, историски палати и градини што изгледаат како патувaње во некој сон. Враќање во хотел. Ноќевање.
13.04.2026 (понеделник ) Наполи – Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки во Неапол. Препорачуваме да ги посетите двата прекрасни плоштади: Пјаца деи Мартири, фантастично место за седење, уживање во еспресо, за опуштена и шармантна атмосфера. За боемска атмосфера посетете го плоштадот Пјаца Белини, се наоѓа во шпански кварт, едно од најживите и најавтентичните населби во Наполи. Познат по своите шарени графити, трендовски барови и музика во живо. Истражете ги тесните улички околу плоштадот за да откриете некои од најдобрите локални барови, пицерии… Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродромот (околу 16.00 часот) . Полетување за Скопје во 18.45 и пристигнување во 20.15часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Цена на факултативи:
Напомена:
Напомени:
М