Термин: 11 Октомври 2026
1 ден 11.10.2026 Скопје – Драч
Состанок на групата во 10:00ч на паркингот спроти Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 10:30ч. Се патува преку Косово кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ден 12.10.2026 Бари – Соренто
По царинските формалности заминуваме кон Бари, главниот град на регионот Апулија и едно од најважните пристаништа на Јужна Италија. Пристигнување во Бари во 08:00ч. Бари има посебен шарм, бидејќи ги комбинира старото и новото, тесните улички на стариот град се мешаат со модерниот град и живата атмосфера на Медитеранот. Бари е духовен центар но и жив град полн со живот, место каде историјата, верата, и секојдневниот живот се спојуваат во една топла медитеранска приказна. Срцето на градот, познат како Bari Vecchia, крие вистинско богатство – Базиликата Свети Никола, една од најзначајните цркви во цела Италија но и во целиот Христијански свет. Изградена е во 11 век во романски стил, со цел да ги чува моштите на Св. Никола, светец почитуван и од православните и од католиците. Застанување кај црквата Св. Никола, прошетка низ историскиот центар на градот и слободно врема за кафе пауза.
Патувањето продолжува накај Соренто. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 13.10.2026 Поситано – Амалфи
Појадок. Препорачуваме целодневен излет долж колоритниот брег Амалфи, една од најпопуларните туристички ривиери на Италија, начичкана со шарените италијански села и живописни патеки кои водат до мирисните плантажи со лимони и портокали а која се протега од Поситано до градот Салерно. Една од најубавите разгледници од брегот на Амалфи е панорамскиот поглед на Поситано, некогаш рибарско селце, всечено во брегот… романтично и сликовито. Прошетка низ колоритните улички на Поситано. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжуваме накај Амалфи, некогашна поморска сила по која и целата ривиера го добила името. Градот е под заштита на УНЕСКО и е бисер на средновековната архитектура. Прошетка до катедралата со впечатлива и декоративна фасада – Св. Андреја и централниот плоштад. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот. Соренто е бисерот на Неаполскиот залив, познат по огромните лимони од кои се прави Лимончело. Овде се мириса на лимони, од сладоледи до сапуни и парфеми. Соренто не е место, Соренто е чувство… тука се доаѓа ако барате нешто повеќе од патување. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 14.10.2026 Капри
Појадок. Препорачуваме излет до островот Капри, остров кој ќе Ве освои штом ќе зачекорите на него. Тиркизно море, мирис на лимони, улички кои како да се создадени за лутање и погледи од кои застанува здив.
Не пропуштајте да пробате свежи морски плодови, локална риба, капресе салата и домашна паста или пица печена на печка на дрва а за крај освежете се со лимончело, џелато или торта капрезе.
Marina Grandeе главното пристаниште на Капри и првото место на кое ќе зачекорите по пристигнувањето на островот. Традиционални куќи во пастелни бои, мали продавнички со рачно изработени сувенири и бројни ресторани кои нудат локални кулинарски специјалитети. Тука се наоѓа и најголемата јавна плажа на Капри.
Секој италијански град има свој централен плоштад а на Капри тоа е “Piazza Umberto I” позната како Ла Пјацета… некогаш пазар за риба, денес главно собиралиште и на мештаните и на туристите.
“Monte Solaro” е највисоката точка на Капри со своите 589 метри и место кое дефинитивно не треба да го пропуштите. Од врвот се пружа спектакуларен панорамски поглед на целиот остров, на Тиренско море а кога времето е убаво дури и на брегот Амалфи.
“Градините Август” – Мирна оаза со бујно зеленило, цвеќиња во сите бои и панорамски балкони од кои се пружа величенствен поглед на “Marina Piccola” и на кривите патеки на “Via Krupp”.
(влезот се наплаќа 2,5 еур исклучиво со платна картичка).
По прошетката следи слободно време за индивидуални активности и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот.
Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 15.10.2026 Соренто – Неапол – Бари
Појадок. По појадокот заминуваме накај Неапол, прошетка низ историскиот центар на градот Piazza del Plebiscito, Кралската палата, Teatro di San Carlo и галеријата Umberto и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Прошетајте по тесните улички полни со живот, бои, вкусови и автентична атмосфера. Пробајте ја прочуената Наполитанска пица “Маргарита” и уживајте во еден од најколоритните градови на Италија.
Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.
6 Ден 16.10.2026 Драч – Скопје
Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните / вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
НАПОМЕНИ:
N