Пролом Бања - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Пролом Бања

Пролом Бања

Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната. Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница. Искористете ја Новата Година за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.

 

 

ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (вторник) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).  Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (среда) ПРОЛОМ БАЊА – НОВА ГОДИНА
Појадок. После појадокот, заминуваме  на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој  мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор или реласирење во Спа центарот. Вечерта организиран дочен  на НОВА  ГОДИНА во ресторанот на хотелот, со  свечена вечера, богато мени и музичка програма. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (четврток) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот или организирана пешачка прошетака до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај Варош (доколку дозволат временските услови). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта реприза на новогодишната вечера со богато мени и музичка програма во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 02.01.2026 (петок) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Поаѓање кон Македонија. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје вечерните часови.

 

   ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  485€/ 30.070 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11.2025:  455€ / 28.210 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3* https://prolombanja.com/
  • Три ноќевања со појадок  и ручек (шведска маса)
  • Две свечени вечери на 31.12 и 01.01 со богато мени, неограничени домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и жива музика
  • Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
  • Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица (доколку дозволат временските услови).
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Туристичка такса

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Eкскурзијата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
  • Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
  • Патничко осигурување

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:

  • Дете до 6.99год.- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170мкд
  • Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 50% од сумата.
  • Трет возрасен на дополнително кревет плаќа полна сума (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 40€/ 2.480 мкд за три ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник-од редовна цена

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Организатор на патувањето е друга агенција, партнер на Импала Травел.
S
Translate »