Карневал во Венеција - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Карневал во Венеција

Карневал во Венеција

    Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

14. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Венеција во 11:55 и слетување во 13:45 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Организиран разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

15. Февруари (Недела) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.

16. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА

Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

17. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 14:15 и слетување во 15:55 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:          377 евра  (23.375 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
  • Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Belstay Venezia Mestre 4* во Венеција / Местре со 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Венеција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10 или 20kg
  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 55 евра
  • Посета на Верона 55 евра
  • Туритичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

А

Translate »