Куќа ‘La Plage’ - Велигден 2024 - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа ‘La Plage’ – Велигден 2024

Куќа “La Plage”

40.255254, 23.224670

 

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.

Куќа „La Plage“ е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, прва линија море, на сама плажа. Располагаме со 3 четирикреветни студија, 2 четирикреветни апартмани и 2 дуплекс апартмани (сите со директен, отворен поглед на море). Сите соби располагаат со пространи балкони, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ,  сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот и климата се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Пред вилата има кафе бар со лежалки во кој нашите патници имаат поволности. 

Студио бр. 1 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.

Дуплекс бр. 2 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во прва спална соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.

Студио бр. 3 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и аголна гарнитура на пуштање.

Апартман бр.4 – прв кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица а во дневна соба софа на пуштање.

Студио бр. 5 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.

Апартман бр.6 – втор кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица и софа на пуштање а во дневна соба софа на пуштање.

Дуплекс бр. 7 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во дневна соба има аголна гарнитура на пуштање, во една соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.

Наем на студио / апартман за 5 ноќевања (01.05.2024-06.05.2024) (Сопствен превоз)
Студио број 1 Дуплекс апартман број 2 Студио број 3 и 5 Апартмани број   4 и 6  Дуплекс апартман број 7
230 € 350 € 275 € 350 € 425 €

 

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :

  • Цената е дадена за наем на студио / апартман за 5 ноќевања. 
  • Можност за наем за 3 ноќевања (информации во агенција). 
  • Туристичка такса 1.5 еур на ден ( се плаќа на лице место).
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, не е вклучено во цена ( информации во агенција) 

Студио бр. 1

Дуплекс бр.2

Студио бр. 3

Апартман бр. 4

Студио бр. 5

Апартман бр. 6

Дуплекс бр. 7