Хотел Куманово СПА 4* - Куманово - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Куманово СПА 4* – Куманово

Хотел Куманово СПА  4* – Куманово

 

Сместен во Куманово, на само 3км од центарот на градот, Kumanovo Spa е нов и модерен хотел кој располага со луксузен Rooftop Bar со infinity базен и панорамски поглед, ресторан сместен на тивка, пространа локација опколен со зеленило, соби и апартман, стручен тим од масери и физиотерапевти кои нудат секаков вид на релакс и медицинска масажа, како и СПА центар изграден по најнови стандарди. На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, бесплатен Wi-Fi, услуга во соба и 24-часовна рецепција.

Хотелот располага со 21 пространа и комфорна соба. Секоја е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга.

СПА центар – изграден по најнови стандарди со луксузна и интимна атмосфера. Во склоп на објектот се наоѓаат затворен базен со термална вода која е погодна за нервен систем, дигестивен тракт, кожни заболувања како и очни инфекции ( истата по својата лековитост е втора во Европа ), сауна и парна бања. Гостите добиваат 10 % попуст на сите останати сметки во ресторанот како и на масажа доколку сакаат да користат (релакс масажа, парцијална масажа, спортска масажа, медицинска масажа, медицинска акупунктура).

 

Еднокреветна соба – 55 евра
Двокреветна соба (double) – 82 евра
Двокреветна соба (twin) – 65 евра
Трокреветна соба – 85 евра
Апартман – 92 евра

 

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање со појадок 
  • Користење на СПА центар ( затворен базен со термална вода, сауна и парна бања)
  • 10% за релакс масажа, парцијална масажа, спортска масажа, медицинска масажа, медицинска акупунктура
  • 10% попуст во ресторан
  • Туристичка такса
  • Паркинг
  • Деца до 12 години се сместуваат бесплатно