Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.
Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите во вилата. Располага со двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни мазонети. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет со туш, терасa, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постројка и прекрасниот добро познат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа 6 евра од ден кај газдите на вилата.
Термин |
Цена
|
LUX APARTMAN 1/4 |
25.05-01.06.2024 |
109€ 65€
|
129€ 65€ |
01.06-08.06.2024 |
125€ 100€
|
145€ 120€ |
08.06-15.06.2024 |
139€ 114€
|
159€ 129€ |
15.06-22.06.2024 |
159€ 134€
|
179€ 134€ |
22.06-29.06.2024 |
159€ 134€
|
179€ 134€ |
29.06-06.07.2024 |
РАСПРОДАДЕНО
|
РАСПРОДАДЕНО |
06.07-13.07.2024 |
179€
|
204€ |
13.07-20.07.2024
|
РАСПРОДАДЕНО
|
РАСПРОДАДЕНО
|
20.07-27.07.2024 |
РАСПРОДАДЕНО
|
РАСПРОДАДЕНО |
27.07-03.08.2024 |
219€
|
244€ |
03.08-10.08.2024 |
219€
|
244€ |
10.08-17.08.2024 |
239€
|
264€ |
17.08-24.08.2024 |
239€
|
264€ |
24.08-31.08.2024 |
239€
|
264€ |
31.08-07.09.2024 |
179€
|
204€ |
07.09-14.09.2024 |
159€
|
184€ |
14.09-21.09.2024 |
149€
|
174€ |
21.09-28.09.2024 |
139€
|
164€ |
28.09-05.10.2024 |
109€ 98€
|
129€ 109€ |
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
НАПОМЕНА: