Хотел Силекс 4* - Охрид - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Силекс 4* – Охрид

Хотел Силекс

Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле.

Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.

Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам.

Хотелот располага со двокреветни соби, апартмани и претседателски апартман и истиот располага со базен, сауна, фитнес сала и спа услуги.

 

Перид 15.06.2024-15.09.2024
Ноќевање со појадок – 33 евра по лице на ден во двокреветна/трокреветна соба
Ноќевање со појадок и вечера – 40 евра по лице на ден во двокреветна/трокреветна соба
 

 

Период 15.03.2024-14.06.2024   /  15.09.2024-30.12.2024
Ноќевање со појадок – 29 евра по лице на ден во двокреветна/трокреветна соба
Ноќевање со појадок и вечера – 36 евра по лице на ден во двокреветна/трокреветна соба

 

 

Напомени:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Доплата за еднокреветна соба + 40%;
  • Деца до 5.99 години – гратис ( користат заеднички кревет со родители);
  • Деца од 6 – 11.99 плаќаат 50% од цената ( користат дополнително легло);
  • Трето возрасно лице во апартман плаќа редовна цена;
  • Цените важат за сите типови на соби (поглед езеро, базен, двор)

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 денари. 

ОПШТИ УСЛОВИ

  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Хотелот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на лице место.