Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…
19 мај СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 05.00 часот. Лет за Рим во 06.55 часот. Слетување во Рим во 08.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампино… Пристигнување во хотел, пауза да се остави багажот. Разглед на град , пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуит, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција… Сместување во хотел. Во попладневните часови препорачуваме прошетка до плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Ноќевање.
20 мај РИМ – Ватикан
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Пауза за ручек. Слободно време или во придружба на водичот, прошетка, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Вечерта слободно време, враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
21 мај РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим… Во вечерните часови препорачуваме посета на боемскиот кварт Трастевере. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
22 мај РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер (околу 09.30 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 13.00 часот. Пристигнување во Скопје во 14.45 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 559 € / 34.660 мкд
Промо цена – 499 евра по лице
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Напомена: