Будимпешта - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будимпешта

Будимпешта

(Братислава – Ѓор-Естергом – Сент Андреа – Виена) – Нова Година

Термин: 28 Декември

 

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за вас.

 

1 ден   28.12.2025   СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА  

Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

2 ден   29.12.2025   БУДИМПЕШТА 

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно ве водиме на панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.

 

3 ден   30.12.2025   БУДИМПЕШТА – ВИЕНА со аутлет шопинг центарот PARNDORFF

Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден   31.12.2025   БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА – GYOR 

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Братислава и Ѓор. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме накај Ѓор, град во Западна Трансданубиа, лежи на средината на златниот триаголник, помеѓу Братилава, Будимпешта и Виена…  наречен Град на Барокот, бидејќи во стариот дел на градот ќе се воодушевувате на безброј монументални градби и скулптури од 18-ти век. И ќе уживате во атмосферата на малите ресторанќиња, пабови и барови. Враќање во хотел. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад. Ноќевање.

 

10 ден   01.01.2026   БУДИМПЕШТА – ЕСТЕРГОМ – СЕНТ АНДРЕА   

  Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Препорачуваме  целодневен факултативен излет до Естергом и Сент Андреа – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р. Унгарија и Р. Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р. Унгарија. Продолжуваме со посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

6 ден   02.01.2026   СКОПЈЕ

  Планирано пристигнување во Скопје на паркингот спроти Борис Трајковски во утринските часови.

 

 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  279 €/ 17.300 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко осигурување 
  • Крстарење по Дунав   25€
  • Посета на Сент Андреа и Естергом   35€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF   55€
  • Посета на Братислава и Ѓор   45€
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич   20€ (се плаќа во агенција)

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Крстарење – Виена со Парндорф – Сент Андреа и Естергом, Братислава и Ѓор-160€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за избор на седиште   20€
  • Доплата за дополнително седиште   150€
  • Доплата за еднокреветна соба   4.500 денари

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИМПАЛА ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

 

Н