Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.
Вила Нидри Порт Б кат -Нидри, се наоѓа на самиот брег, во поширокиот центар на одморалиштето Нидри. Вилата се состои од две згради со двор каде што има базен со детски дел, како и лежалки и чадори за сонце на располагање (бесплатно). Нашиот капацитет се наоѓа во блок Б кој што се наоѓа веднаш позади блок А. Вилата се наоѓа покрај море, недалеку од пристаништето и пешачката зона со продавници и таверни. Градската плажа е оддалечена 450 метри. Во непосредна близина на објектот за нашите гости со сопствен превоз има обезбеден паркинг со плаќање (5 еур/ден), како и повеќе супермаркети и ресторани. Објектот е на иделана локација за оние кои сакаат да го имаат живописното Нидри како база за истражување на островот и место од каде започнуваат сите крстарења со брод, а воедно има богата понуда за ноќен живот.
|
Лефкада- островот со најубави бои |
||||
|
Нидри-најживописното туристичко место на островот |
||||
|
Попусти за рана уплата: -20% до 30/11/2025 -15% до 31/12/2025 -10% до 28/02/2026 |
||||
|
За запазување на рана уплата потребно е уплата 30%, |
||||
|
а остатокот спрема табелата за попусти. |
||||
|
Вила Нидри Порт Б кат – Нидри |
1/2 студио |
1/2 + софа |
1/3 студио |
1/2+1 апартман |
|
Термин/Услуга |
7 ноќи наем |
7 ноќи наем |
7 ноќи наем |
7 ноќи наем |
|
27.05-03.06.2026 |
99 |
119 |
129 |
139 |
|
03.06-10.06.2026 |
129 |
149 |
169 |
179 |
|
10.06.-17.06.2026 |
169 |
189 |
209 |
219 |
|
17.06.-24.06.2026 |
249 |
269 |
289 |
299 |
|
24.06.-01.07.2026 |
299 |
319 |
329 |
339 |
|
01.07.-08.07.2026 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
08.07.-15.07.2026 |
399 |
419 |
439 |
449 |
|
15.07.-22.07.2026 |
459 |
479 |
509 |
519 |
|
22.07-29.07.2026 |
499 |
519 |
559 |
569 |
|
29.07-05.08.2026 |
519 |
549 |
589 |
599 |
|
05.08.-12.08.2026 |
519 |
549 |
589 |
599 |
|
12.08-19.08.2026 |
519 |
549 |
589 |
599 |
|
19.08-26.08.2026 |
479 |
499 |
439 |
449 |
|
26.08.-02.09.2026 |
399 |
419 |
449 |
459 |
|
02.09.-09.09.2026 |
319 |
339 |
359 |
369 |
|
09.09.-16.09.2026 |
279 |
299 |
329 |
339 |
|
16.09-23.09.2026 |
199 |
229 |
249 |
259 |
|
23.09.-30.09.2026 |
169 |
199 |
219 |
229 |
Цените се дадени за наем на студио во Еур за уплата во МКД по курс 62 ден/Еур
НАПОМЕНИ:
Време на поаѓање кон Грција:
Време на заминување од Грција:
(времињата се по GR време)
Напомна: Заради зголемен обем на сообраќај во сезона, некогаш не е можно да се запазат предвидените времиња на пристигање и поаѓање.