Хотел Pegaz Holiday Resort 4* - Врњачка Бања 8 Март - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Pegaz Holiday Resort 4* – Врњачка Бања 8 Март

Врњачка бања – 8 Март

Хотел Pegaz Holiday Resort  4*

Понуда исклучиво со сопствен превоз

 

 

Врњачка Бања – срцето на српските бањи и идеална дестинација за релаксација, здравје и уживање. Како најголемото и најпознатото бањско одморалиште во Србија, Врњачка Бања има туристичка традиција од речиси 150 години. За тоа време се разви во една од најдобро организираните бањски дестинации, со современи спа-центри, минерални извори со докажани лековити својства и богата понуда за активен одмор. Променада со кафулиња, ресторани и сувенирници, зелените паркови и симболичниот Мост на љубовта создаваат незаборавна атмосфера за сите генерации. Со бројот на гости, Врњачка Бања е најпосетуваната балнеолошка бања во Србија и вистински магнет за туристи кои бараат спој на здравје, култура и рекреација.

 

Pegaz Holiday Resort е хотел со 4 ѕвезди.

Организиран во три целини, се простира на над 10.000 метри квадратни, во чии рамки гостите можат да користат многубројни Slow-living објекти. Секој сегмент од хотелот е внимателно дизајниран за да им понуди на гостите уникатно искуство на забава, слобода и целосна автентичност.

Велнес и Спа е централното место во хотелот, наменето за целосно закрепнување и релаксација на современиот човек. Уникатни услуги што им се допаѓаат апсолутно на сите, а по кои следните денови веќе не се исти. Велнес и спа центарот вклучува затворен базен, хидромасажни кади, тушеви, солена соба , парна бања со ароми и пена, финска сауна, инфра сауна, амфитеатрска сауна, био сауна, соба за релаксација, фитнес центар и солена сауна кои се достапни на гостите. Секоја сместувачка единица е опремена со: клима уред, кабловска телевизија и LCD телевизор, wi-fi интернет, телефон, минибар, машина за подготовка на топли пијалоци, сеф, фен за коса. Скриен меѓу падините на планината Гоч, хотел Pegaz Holiday Resort4* ви нуди сè што ви е потребно за кратко бегство од градската врева.

 

 

Термин: 05.03.2026 – 09.03.2026

Цена по лице на ден / ноќевање со појадок и вечера (шветска маса)

Цена по лице

63 €

Трето возрасно лице

56 €

Доплата за дете 2–6,99 години (со седиште во бус)

15 €

Доплата за дете 7–11,99 години (со седиште во бус)

33 €


МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE CREDIT

 

Во цената e вклучено:

  • Цена по лице за ноќевање со појадок и вечера (шведска маса);
  • Сместување во двокреветни соби, студија или апартмани;
  • Бесплатно користење на slowellness центар – внатрешен базен, кади за хидромасажа, солена соба со негатив јони, парна бања, финска сауна, инфра сауна, амфитеатарска сауна, био сауна, инфра небо, via sensus, солена сауна, соба за одмор;
  • Паркинг и Wi-fi;
  • 10% попуст на сите масажи и третмани;
  • Детско катче со аниматор;
  • Доцна одјава во хотелот на 08.03. (late check out)

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса за возрасни – 1.70 € по лице на ден, за деца од 7-15 години – 0.95 € , деца од 0-7 години – 0.30 € ( се плаќа во агенција )
  • 08.03. – свечен празничен ручек со музички програм  (опционално) – 18 еур по лице
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Индивидуални трошоци и други неспоменати услуги

 

 

Translate »