Термин: 14.03. – 17.03.2026
КИПАР е островска држава во Средоземното море, четврт остров по големина после Сицилија, Сардинија и Корзика. Потеклото на името има повеќе толкувања: грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, кану – kypros или латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови, а летата се топли, со просечна темп. од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република – Северен Кипар, а поголемиот дел од градот припаѓа на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа. Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.
ПРВ ДЕН – 14.03.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 18:00 ч. планирано полетување за Ларнака во 20:15ч. Пристигнување во Ларнака во 23:25ч, организиран трансфер до хотелот. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 15.03.2026 (НЕДЕЛА) ЛАРНАКА
Појадок. Разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Археолошкиот музеј Пиеридес, црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа следи слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 16.03.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) НИКОЗИЈА
Појадок. Факултативна посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 17.03.2026 (ВТОРНИК) ЛАРНАКА – АЈА НАПА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од Хотелот до 11ч00 часот. Факултативна посета на Аја Напа. Најпознатото туристичко место на Кипар, исполнето со таверни, барови, плажи. Слободно време за индивидиални активности. Враќање за Ларнака.Трансфер до аеродромот во Ларнака во 16:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 18:25 часот. Пристигнување во Скопје во 19:40 часот локално време.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ:
No