Град кој никогаш не спие, исполнет со арома на зачини, со звукот на живите пазари и прекрасната архитектура.
Истанбул – единствениот град метропола кој спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Градот претставува дом на многу култури, центар на империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат бројни историски знаменитости: џамии, цркви, синагоги, дворци и кули. Наполеон Бонапарта рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
30.04.2026 – четврток
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување во 11:15 часот, слетување во Истанбул во 13:40 часот (локално време). Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на англиски јазик (попатно до хотел). Попатно ќе се направи кратко запирање кај Моминската кула (Kız Kulesi) – еден од најпознатите симболи на Истанбул, сместен на мал остров во Мраморното Море, спроти Ускудар. Кратка пауза за прошетка и фотографирање со прекрасен поглед кон кулата и градот. Сместување во хотел Бристол 3+* во Бејоглу. Вечерта, гратис пешачка тура до Галата кула и Каракој. Галата кула е некогашен затвор во модерната област Бејоглу, кој денес е еден од најпопуларните туристички атракции. Околината на Галата Кула е како мал свет за себе – тесни калдрмисани улички што се издигнуваат нагоре, мали дуќанчиња со занаетчии, продавници со накит, книги и мирис на свежо турско кафе што те следи на секој чекор. Тука секој агол има своја приказна, стари фасади со шарени врати, уметнички графити и топол пулс на локалните жители. По прошетката, нема подобар начин да се заокружи денот со едно парче San Sebastian чизкејк, десерт кој ја освои Турција и светот со својот мек, кремаст вкус. Каракој е едно од оние места во Истанбул каде што минатото и модерниот дух се спојуваат совршено. Некогаш старо пристаниште, а денес – вистински рај за љубителите на кафе, улична уметност и вкусна храна. Улиците се полни со шармантни кафулиња, мали пекари, уметнички галерии и скриени дворови кои раскажуваат приказни. Ако сакаш да го почувствуваш вистинскиот пулс на Истанбул, тогаш Каракој е местото каде што треба да седнеш, да земеш едно турско кафе и да го гледаш животот како тече пред тебе. Ноќевање.
01.05.2026 – петок
Појадок. Пешачка тура низ историското срце на европскиот дел на Истанбул – Бејоглу. Поради традиционалните собири и протести на 1 мај, делови од центарот на градот може да бидат под полициски надзор и со ограничено движење. Турата ќе се реализира пеш во зоната Бејоглу – Галата – Истиклал, која е достапна за пешаци на овој ден. Прошетката започнува од хотелот Hotel Bristol Istanbul, сместен во живописниот кварт Бејоглу, еден од најатрактивните и најкосмополитски делови на градот. Првата станица е Galata Tower – една од најпознатите средновековни градби во Истанбул. Кулата е изградена во 14 век од Геновјанците и со векови служела како набљудувачница и одбранбена точка на градот. Денес таа е еден од најпрепознатливите симболи на Истанбул. Околу кулата се протегаат тесни калдрмисани улички исполнети со мали галерии, бутици, продавници со ракотворби и пријатни кафулиња, кои создаваат посебна атмосфера и шарм. Прошетката продолжува кон познатата пешачка улица Istiklal Avenue – срцето на модерниот Истанбул. Оваа историска улица долга повеќе од еден километар е преполна со продавници, книжарници, слаткарници, историски пасажи и улични музичари. По должината на улицата се наоѓаат многу значајни објекти од османлискиот и европскиот период, како и стари кино-сали, цркви и културни центри. Посебна атракција е и историскиот црвен трамвај кој со децении се движи по оваа улица и претставува еден од симболите на градот. Прошетката продолжува во правец на Taksim Square – еден од најпознатите плоштади во Турција и традиционално место на јавни собири и настани. Доколку пристапот до плоштадот е ограничен поради безбедносни причини, групата ќе се задржи во дозволената зона во близина на Истиклал и ќе се продолжи со разгледување на околните улици и пасажи. Во текот на прошетката ќе има слободно време за кафе пауза или дегустација на познатите турски десерти и слаткарници по Истиклал. Враќање кон хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг или уживање во атмосферата на градот. Факултативно – можност за крстарење по Босфор. Незаборавно 3 часовно искуство. Ноќевање.
02.05.2026 – сабота
Појадок во хотел. Факултативна посета на Обелиск, Базилика цистерна, Аја Софија, Султанахмет, Топкапи и Капали Чаршија. Ќе ја започнеме турата со посета на Obelisk of Theodosius, кој се наоѓа на плоштадот Sultanahmet Square, на местото каде што некогаш бил античкиот Hippodrome of Constantinople. Следната станица е Сината џамија (Султанахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура. Нејзините импресивни минариња, небесносината внатрешност и софистицираниот дизајн на плочки создаваат чувство на мир и величественост. Потоа ќе се упатиме кон величествената Аја Софија, некогаш христијанска црква, потоа џамија, а денес музеј и симбол на синтеза на култури и религии. Ќе се восхитувате на грандиозниот ентериер со импресивни мозаици, куполи и историски детали кои го прават ова место едно од најзначајните архитектонски чуда на светот. Продолжуваме кон Топкапи палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на османлиската империја. Ќе ги откриете раскошните сали, богатите збирки на накит и реликвии, како и прекрасните градини со поглед кон Босфор. Се упатуваме кон мистичната Базилика цистерна, едно од најинтересните подземни византиски пронајдоци во Истанбул. Оваа огромна цистерна со високи столбови, пригушена светлина и мистична атмосфера ја задржува магијата на минатото и ќе ве потопи во временскиот слој на византиската империја. Турата ќе ја завршиме со автентично искуство во легендарната Капали Чаршија, најголемиот покриен базар во светот. Слободно време за да се прошетате помеѓу шарените дуќани, мирисот на зачини, вкусот на локалните деликатеси и рачно изработени сувенири. Враќање во хотел. Време за индивидуални активности. Ноќевање.
03.05.2026 – недела
Појадок во хотел. Факултативна посета на Долмабахче Палата, Ортакој, и photo brake на Галата Порт.. Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка, за фотографирање со неверојатната панорама на Босфор, и, секако, за дегустација на познатиот компир (kumpir – печен компир со додатоци). Трансфер до аеродром во 14:30 часот. Полетување за Скопје во 18:35 часот, слетување во Скопје во 19:05 часот локално време.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
| 30/04/2026 | PC352 | Skopje – Istanbul | 11:15 13:40 | ||
| 03/05/2026 | PC353 | Istanbul – Skopje | 18:35 19:05 |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ