Рим - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Рим

Велигден во РИМ

Пополнето

 

Термин: 09.04.-12.04.2026

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

 

09 април (четврток): СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 14:00 часот. Лет за Рим во 16:10 часот. Слетување во Рим во  17:55 часот.Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање

10 април (петок): РИМ 

Појадок. Организирана 3 часовна пешачка тура на Рим со локален водич. Разгледот на градот вклучува: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле… прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон. Слободни активности. 

 Во попладневните часови Препорачуваме факултативна посета на паркот Антички Рим, каде се посетуваат  Римскиот форум и Колосеум, со локален водич –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, плоштадот Кампидољо. Слободно време и можност за последно кафе, аперол, пица, тестенини и слободни активности.

11 април (сабота): РИМ – ВАТИКАН

Појадок. После појадок  со метро се упатуваме кон Центарот на Рим, односно кој Ватикан. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи… Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Враќање во Хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

12 април (недела): РИМ – ТИВОЛИ – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно утро. Трансфер од Хотелот во 11 часот. Поаѓање за Скопје во 17:55 часот. Слетување во Скопје во 19:40 часот.

 

Цена ранa уплатa:  469 € / 29.080 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 € / 37.140 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Директен лет на релацијаСкопје- Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Организирани трансфери аеродром Рим – хотел – аеродром Рим
  • Аеродромски такси 
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*  во Рим 
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за (куфер);
  • Туристичка такса – 6 € по лице на ден
  • Билети за јавен превоз;
  • Патничко осигурување 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела (со локален водич и влезница) – 70 €
  • Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este – 75 €
  • Oорганизира посета на Антички Рим со Колосеум ( со локален водич и влезница ) – 70 €
  • Разглед на град – 15 евра по лице

*За реализација на факултативи е предвидено пријава од минимум 15 лица. Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција, најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

НАПОМЕНА:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
  • За овој аранжман важат општите услови на СКТМ на патување.
  • Организатор на патувањето е друга агенција, партнер на Импала Травел.

 

No

Translate »