Blue World 4* - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Blue World 4*

Blue World 4*

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја и шопинг на два континенти.На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море на околу 40 километри од центарот на Истанбул, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

 

ПРВ ДЕНСобирање на групата на паркингот на Вип Хотел во 00:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел BLUE WORLD кој има своја приватна плажа,спа,базен,теретана. Влегувањето во собите собите е после 14:00ч по локално време.

ПРВ ДО СЕДМИ ДЕНСекој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

16:30- EMAAR SQUERE MALL

. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ОСМИ ДЕНСобите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 14:00ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

 

Hotel Blue World 4*

Хотел ВLUE WORLD 4*  на сама плажа, кој има своја приватна плажа,спа,базен,теретана. Сместувањето е во двокревенти и трокреветни соби.

Поаѓање

Враќање

Цена

Промо цена

15.06.2021

22.06.2021

143е

115е

22.06.2021

29.06.2021

155е

125е

29.06.2021

06.07.2021

163е

132е

06.07.2021

13.07.2021

176е

142е

13.07.2021

20.07.2021

184е

149е

20.07.2021

27.07.2021

184е

149е

27.07.2021

03.08.2021

184е

149е

03.08.2021

10.08.2021

184е

149е

10.08.2021

17.08.2021

184е

149е

17.08.2021

24.08.2021

184е

149е

24.08.2021

31.08.2021

176е

142е

31.08.2021

07.09.2021

163е

132е

07.09.2021

14.09.2021

155е

125е

14.09.2021

21.09.2021

143е

115е

 

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Blue World 4* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на СПА( теретана, сауна, парна бања, турска бања)

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 50% од редовна цена.
  • Пакет вип од 65е
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.

 

Факултативни излети

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

 

ДЕВОЈАЧКА КУЛА (Kiz Kulesi).

Девојачката Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девинатс кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

 

НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.

Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

 Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

 

  • ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)  65

Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра.