Сигурна реализација
Авион/ 5 дена/ 4 ноќевања
Грузија, земја со волшебна убавина и безвременски шарм, каде античката историја се среќава со пејзажи кои го одземаат здивот на секој патник. Сместена на раскрсницата на Европа и Азија, Грузија е дестинација која ветува патување исполнето со нови уметнички откритија и незаборавна авантура. Има свое богато културно наследство, каде калдрманите улици шепотат приказни од милениумите, а истовремено е позната и како земја со најстари во светот, традиционални техники на правење вино. Предвидени се посети на живописни градови како Кутаиси и Тбилиси, богати со различни култури, прекрасна природа, вкусна традиционална кујна и улици кои будат чувство на најубавата бајка.
08 Април СКОПЈЕ – СОЛУН- КУТАИСИ
Состанок на групата во 13.30 часот пред хотел Бристол. Пристигнување на аеродромот во Солун. Полетување за Кутаиси во 21.20 и пристигнување во 00.55 часот локално време. Трансфер и сместување во хотел во Кутаиси. Ноќевање.
09 Aприл KУТАИСИ – МЦХЕТА – ТБИЛИСИ
Појадок. Патувањето продолжува до градот Мцхета каде се посетуваат катедралата Светицховели (тука ќе се направи поклонување на гробот на отецот Гаврил Грузиски), манастирот Жвари, Женскиот манастир и базиликата Антиохија со долга христијанска историја. Пристигнување во Тибилиси. Фолклорна вечера со традиционална грузиска храна во ресторан Tsiskvili Restaurant. Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
10 Aприл ТБИЛИСИ – АНАНУРИ – ГУДАУРИ – КАВКАЗ- ГЕРГЕТИ
Појадок. Факултативна посета на комплексот Ананури, средновековна тврдина. Посета на Гудаури, бескрајна планинска убавина на Грузија. Пристигнување во Казбеги, набљудување на снежните врвови на Кавказ. Возење со теренски џипови до планината Гергети. Црквата Троица Гергети, сместена високо на падините на планината Гергети на 2.170 метри е врвот на оваа авантура. Црквата, со своите камени ѕидови и иконската силуета наспроти високиот Казбек е симбол на грузиската вера и наследство. Разглед на областа Кеви. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка. Ноќевање.
11 Aприл ТБИЛИСИ
Појадок. Локална прошетка низ Тбилиси која започнува со посета на црквата Метехи, со богата кралска историја од која може да се ужива во панорамскиот поглед на Тбилиси. Низ паркот Рике следи возење со жичарница до тврдината Нарикала, популарна туристичка атракција, совршено место за фотографирање. Прошетка до кањонот Легвтахеви, старите населби на Тбилиси, познати по лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, Мостот на мирот и авенијата Руставели, позната по уметничките галерии, продавници за сувенири, автентични кафулиња и ресторани. Попладне за слободни активности..
Во вечерните часови препорачуваме посета на некоја од многуте цркви, каде што може да се доживее велигденската атмосфера и уникатната духовна традиција на една од првите христијански држави. Ноќевање.
12 Aприл ТБИЛИСИ – ГОРИ – МУЗЕЈОТ НА СТАЛИН – КУТАИСИ
Појадок. Oдјавување од хотелот. Посета на винаријата Chateau Mukhrani каде ќе се дегустираат традиционални и локални вина. Потоа продолжуваме во градот Гори, прошетка низ музејот на Ј.В.Сталин кој дава детална слика за ликот и животот на Сталин, влијателна и поларизирачка историска личност. Поаѓање кон Кутаиси и посета на Академијата Гелати и Манастирскиот комплекс, светско наследство на УНЕСКО. Пристигнување кон аеродромот во Кутаиси и лет во 18:55 часот. Пристигнување во Солун во 20:45 часот локално време. Трансфер до Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена: