Магија на Кина – патување низ вечноста
КИНА – Добредојдовте во земјата каде што минатото и иднината се среќаваат во совршена хармонија! Кина е мистична, величествена и бескрајно разнолика – од древните ѕидови што зборуваат за илјадници години историја, до модерните метрополи кои сјаат во светлината на новото време. Ова е земја на култура, духовност и откритија што ќе ве инспирираат и засекогаш ќе останат во вашето срце.
ПЕКИНГ – срцето на империјата, е град каде секој камен раскажува приказна. Од моќниот Забранет град до величествениот Голем Ѕид, тука ќе ја почувствувате величината на древните династии и духот на современа Кина.
СИАН – чуварот на вечноста, некогашна престолнина на најстарите кинески царства, денес Сиан е жив музеј под отворено небо. Домот на прочуената Армија на теракотните војници, овој град е симбол на историја, култура и трајна традиција.
ШАНГАЈ – бисерот на Истокот, модерен, космополитски и полн со живот, Шангај е град што никогаш не спие. Меѓу неонските светла и старите улички ќе го откриете вистинското лице на современа Кина – елегантна, динамична и безвременска.
| Авионски лет: | Lufhansa & Austrian Airlines (Скопје–Виена–Минхен-Пекинг / Шангај–Виена–Скопје) |
| Поаѓање: | 29.04.2026 во 12:35ч. (Скопје) |
| Пристигнување: | 30.04.2026 во 11:45ч (Пекинг) |
| Сместување: |
2 ноќи во хотел 4* (Beijing Qianmen Jianguo Hotel или Boyue Beijing Hotel или Beijing Guangxi Hotel или сличен) во Пекинг 2 ноќи во хотел Xi’an Bell Tower Hotel 4* (или сличен) во Сиан (Xi’an) 3 ноќи во хотел Shanghai Ocean hotel 4* во Шангај |
| Услуга: | 7 ноќевања со појадок и вечера – 7 HB |
| Друго вклучено: | Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија |
| Враќање во Скопје: | 08.05.2026 во 00:15ч. |
Ден 1 – 29.04.2026 СКОПЈЕ – ВИЕНА – МИНХЕН – ПЕКИНГ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување од Скопје за Виена во 12:35 часот, лет број LH6359 со лет на авиокомпанијата Lufhansa. Слетување во Виена во 14:10 часот, локално време. Продолжување на летот за Минхен во 17.40 часот и пристигнување во 18.40 часот, локално време. Полетување од Минхен за Пекинг во 19.40 часот
Ден 2 – 30.04.2026 ПЕКИНГ
Пристигнување на меѓународниот аеродром во Пекинг во 11:45 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер за посета на Летната палата (Summer Palace), комплекс од палати, градини и езера од времето на династијата Чјинг (Qing), една од најголемите и најдобро зачувани царски градини во Кина. На пат до хотелот, застанување кај Олимписките стадиони – „Птичјо гнездо“ (Националниот стадион) и „Водена коцка“ (Националниот воден центар), каде ќе имате можност да направите прекрасни фотографии. Двата објекта беа изградени за Летните олимписки игри во 2008 година и повторно искористени за Зимските олимписки игри во 2022 година. Вечера. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 3 – 01.05.2026 ПЕКИНГ
Појадок. По појадокот, посета на Храмот на Небото (Temple of Heaven), најголем и највпечатлив кинески храм, ремек-дело меѓу древните кинески храмови. Небесниот Храм бил користен од императорите од династиите Минг и Чјинг како место за обреди на обожување на небото, молејќи се за добра жетва и мир во царството. Во 1998 година овој храм е ставен на листата на светско наследство. Потоа следи екскурзија до Големиот Кинески Ѕид (Great Wall – Juyongguan pass), превојот Џујонггуан, кој во древни времиња имал важно стратешко значење. Големиот Кинески Ѕид се гордее со историја долга повеќе од 2.000 години и со вкупна должина од околу 21.000 км, што го прави едно од најимпресивните антички ремек-дела на планетата. Кинескиот ѕид во форма на џиновски змеј е уникатна архитектонска креација, видлива од вселената и безусловно сведочи за величината на древна Кина. Потоа следи посета на фабриката за бисери, каде можете да најдете накит изработен од едни од најдобрите бисери. Се враќаме кон Пекинг по што следи посета и возење со рикша низ традиционални улички Хутонг (Hutong), над 6000 улички кои ги го поврзуваат целиот Пекинг уште од античко време. На крај одиме на организирана вечера, со познатата традиционална пекиншка патка. Навечер можност за факултативен излет – Акробатско шоу (35€ еур по лице). Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 4 – 02.05.2026 ПЕКИНГ – СИАН
Појадок. По појадокот, следи екскурзија на Плоштадот Тјенанмен (Tiananmen Square), најголемиот плоштад во светот и еден од најпознатите симболи на Кина. Портата Tian An Men (Портата на Небесниот мир – Gate of Heavenly Peace), била влезот кон царската палата за време на династиите Минг и Чјинг. Потоа следи обиколка на величествениот Забранетиот град (Forbidden city), со неговите бројни палати, павилјони и градини, непроценливи богатства на кинеската архитектура и уметност, моќниот и најголемиот комплекс на палати во светот и поранешен дом на 24 кинески императори. Вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО, Забранетиот град има околу 500 години историја и служел како политички и ритуален центар на Кина за време на династиите Минг и Чјинг. Зафаќа површина од 720.000 м², со повеќе од 980 згради и 9.999 соби, и не е само најголемата и најдобро зачувана колекција на древни градби во Кина, туку и „град во град“. На крај следи посета на чајна куќа и церемонија на чај, каде што можете да ја искусите целата процедура на пиење кинески чај. Ручек. Навечер, трансфер до железничката станица по што следи возење со прочуениот брз воз – bullet train до Сиан (Xi’an) (G59 19:00 – 23:11). Пречек и сметување во хотел во Сиан. Ноќевање.
Ден 5 – 03.05.2026 СИАН
Појадок. По појадокот, посета на фабриката за изработка на реплики на теракотните војници, каде што занаетчиите изработуваат минијатурни копии од прочуените глинени војници. Посета на едно од најголемите археолошки откритија во светот, вклучено во светското културно наследство на УНЕСКО – Музејот на Теракотната армија, изграден по наредба на првиот кинески император Чин Шихуанг (Qin Shihuang), со цел неговата армија да го чува и во задгробниот живот. Досега се откриени околу 8.000 реалистични фигури на теракотни војници, кочии и коњи во природна големина. Ќе бидете восхитени од оваа подземна теракотна армија во природна големина – илјадници војници кои молчеливо стојат, чувари на својот император повеќе од две илјади години. Потоа следи посета на Големата Пагода на Дивата Гуска (Giant Wild Goose Pagoda), симбол на величественоста на династијата Танг, добро зачувана древна градба и свето место за будистите, со ексклузивна можност за искачување на пагодата. Се продолжува кон Плоштадот Bell & Drum Tower square, каде се наоѓаат Кулата на ѕвоната (Bell Tower), стара повеќе од 600 години, и Кулата на тапаните (Drum Tower), најголемата од ваков вид во Кина, двете извонредни примери на архитектурата од династијата Минг. Секое утринско ѕвонење на ѕвоното и вечерното удирање на тапанот претставуваат древни повици што одекнуваат низ вековите. На крај се посетува муслиманскиот пазар (Muslim Market), најиконското гастрономско и културно место во градот. Вечера – традиционални кинески кнедли (Dumplings Dinner). Навечер можност за факултативен излет – Шоу од династијата Танг (Tang Dynasty show) (40€ по лице). Ноќевање.
Ден 6 – 04.05.2026 СИАН – ШАНГАЈ
Појадок. По појадокот, трансфер до железничката станица и возење со брз воз – bullet train (G362 (08:52 – 15:06) до Шангај. По пристигнувањето во Шангај, следи посета на пешачката улица Нанџинг (Nanjing Road) опкружена со светски познати брендови, кафулиња и историски згради. Се продолжува кон прочуениот крајбрежен кварт Бунд (The Bund), најпознатата знаменитост на Шангај, познат како „Изложба на меѓународна архитектура“, кој се одликува со 52 величествени градби во готски, барокен и арт деко стил. Од тука ќе уживате во прекрасен поглед на хоризонтот кон облакодерите во Пудонг (Pudong) преку реката Хуангпу (Huangpu). Следи организирана посета на фабриката за свила. Вечера. По вечерата, ќе уживате во прекрасно крстарење по реката Хуангпу (Huangpu River cruise) што ќе ви овозможи панорамски поглед кон осветлениот Шангај, каде што Западот се сретнува со Истокот, а традицијата со модерноста. Ќе ја почувствувате волшебноста на градот, како и во величествените, импресивни облакодери. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 7 – 05.05.2026 ШАНГАЈ
Појадок. По појадокот, посета на градината Ју (Yu Garden), најпознатата класична градина во Шангај, скриена во срцето на градот. Прошетајте низ елегантните павилјони, камени формации и езерца со лотоси, и восхитете се на префинетите резби и традиционалната архитектура. Посета на Стариот град на Шангај, некогашното срце на метрополата. Ручек. По ручекот се оди на организиран излет до водениот град Тонгли (Tongli Water Town) разглед со возење со чамец низ каналите. Водениот град Тонгли се смета за еден од шесте познати древни водни градови јужно од реката Јангце, кој се наоѓа на околу 90 км оддалеченост од Шангај. Ако постои еден елемент што го обликувал овој дел од Кина, тоа е водата. Луѓето живееле и напредувале помеѓу овие езера, водни патишта и канали илјадници години. Тонгли е изграден за време на династијата Сонг (Song) и има историја долга повеќе од илјада години. Враќање во хотелот во Шангај. Ноќевање.
Ден 8 – 06.05.2026 ШАНГАЈ
Појадок. По појадокот, слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет, посета на ТВ кулата Ориентал Перл (Oriental Pearl TV Tower), со висина од 468 метри, кулата е шеста највисока во светот и втора највисока ТВ и радио кула во Кина. Но, не е само нејзината височина таа што воодушевува, туку и нејзиниот впечатлив архитектонски дизајн, кој ја прави една од најпрепознатливите знаменитости на Шангај. Посетителите ќе имаат можност да се искачат и спуштат низ кулата со двоспратни лифтови, овозможувајќи возбудливо и удобно патување до набљудувачките платформи со величествен панорамски поглед кон градот. Потоа следи прошетка низ креативниот кварт Тианзифанг (Tianzifang), област со уникатна архитектура на стариот Шангај. Мирно, уметничко и шармантно место, полно со мали бутици, галерии и продавници со уникатни ракотворби. (Цена по лице: €65 по лице). Вечера. Враќање во хотелот во Шангај. Ноќевање.
Ден 9 – 07.05.2026 ШАНГАЈ – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Рано наутро, појадок за понесување (ланч-пакет), одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Шангај. Полетување од Шангај за Виена во 09:30 часот, локално време, со лет број OS 016. Слетување во Виена во 15:55 часот, локално време. Полетување за Скопје во 22:45 часот. Слетување во Скопје во 00.15 часот, по локално време.
|
КИНА ПЕКИНГ, СИАН & ШАНГАЈ ХОТЕЛИ 4* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ |
29.04 – 07.05.2026 |
| УСЛУГИ |
7 HB |
|
| НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ |
7 Ноќи / 9 Дена |
|
| Цена по лице во двокреветна соба |
1.995€ / 123.690 мкд |
|
| РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 |
1.855€ / 115.010 мкд |
|
| Попуст за дете од 2 до 11,99 год* |
-100€ / -6.200 мкд |
|
| Доплата за еднокреветна соба |
300€ / 18.600 мкд |
|
|
***Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање, доколку има расположливи соби! |
||
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:
НАПОМЕНИ
Аu