Островот Крф е уникатен со својата природна убавина, тиркизни плажи и архитектура на градот Крф (Керкира) каде што ќе се почувствувате како да сте во: Венеција, Болоња, Дубровник… сите тие тесни улички ќе ве потсетат на нешто што ќе помислите дека некогаш сте биле а всушност сте за прв пат таму.
ПРВ ДЕН 21.05.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-КРФ
Состанок на група кај хотел Русија во 21:00ч (точното време на поаѓање ќе се знае на 7 дена пред реализација на патувањето поради возниот ред на траектите). Имаме организиран превоз од: Kочани, Штип, Куманово, Скопје, Велес и Гевгелија. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови. Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица, од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф.
ВТОР ДЕН 22.05.2026 (ПЕТОК) КРФ
Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следува возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Во договорено време, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот. Во договорено време, се враќаме во сместувачките капацитети, Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 23.05.2026 (САБОТА) ПАЛЕОКАСТРИЦА-СИДАРИ
Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи, но во месецот мај, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за да го истражуваме островот. Групата ќе има можност, факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на островот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богородица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите. Во договорено време, групата се упатува кон местото Сидари-Каналот на љубовта, каде ќе има доволно време да се прошета малото градче,да се ужива на плажа и да се преплива познатиот канал на љубовта. Враќање во апартманите. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 24.05.2026 (НЕДЕЛА)
Состанок на групата во договорено време и упатување кон факултативна посета на Глифада. Глифада на Крф е едно од најубавите и најпознатите летувалишта на островот, вистински рај за љубителите на сонце, море и опуштена медитеранска атмосфера. Сместена на западниот брег на островот, оваа плажа е позната по својот златен песок, тиркизно море и спектакуларни зајдисонца.Слободно време и враќање. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН 25.05.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)
Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Во договорено време состанок на група и враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување на 26.05 (вторник) после полноќ.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Напомена:
S