Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
ПРВ ДЕН 30.04.2026 (ЧЕТВРТОК) – СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата кај хотел Русија во 19.30 часот. Поаѓање за Атина во 20.00 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН 01.05.2026 (ПЕТОК) – ПИРЕЈА И СУНИОН – АТИНА
Пристигнување во Атина и директна посета на Пиреја и Сунион. Првото место што ќе го посетите е пристаниште Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското пристаниште, едно од најголемите пристаништа во овој дел на Медитеранот. Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видите стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот на Посејдон. На ова место се случила една од најголемите трагедии во грчката митологија, Сунион е веднаш до Делфи, еде од најубавите пејсажи во Грција и пошироко. Храмот на Посејдон стои сам на карпа покрај морето, од кое што атинскиот крал Егеј се фрли во очај кога ги видел црните една на бродот на својот син. Неговиот син Тезеј, херојот кој го победил Минотаурот и кој во знак на победа требало да подигне бели едра по враќање во својата татковина во брзање заборавил да го стори тоа што довело до неопислива трагедија. Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен, поради тоа што локалитетот нема да работи, ќе можете да го видите од надвор и да уживате и да пиете кафе со поглед на море.Сместување во хотел, слободно време за прошетка. Можност за факултативна прошетка низ стариот дел на Атина .Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 02.05.2026 (САБОТА) – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок во хотел. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува со посета на најголемиот и најдобро сочуваниот примерок на класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар! Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Не верувате? Ви препорачуваме да го посетите и да се уверите. Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците со поголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштита на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш, а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични грчки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Враќање во хотел, слободно време. Ноќевање
ПОСЛЕДЕН ДЕН 03.05.2026 (НЕДЕЛА) -АТИНА
Појадок и одјавување од хотел. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кои потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. По завршување на разгледот се собираме сите на одредено место и поаѓаме према Македонија. Пристигнување во Македонија по полноќ на 04.05.2026 – Понеделник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНА:
S