ПЕКИНГ – Главен град на Кина и едно од најважните историски и културни средишта во светот, со величествени царски палати, древни храмови, плоштадот Тјенанмен и Големиот кинески ѕид во близина.
ШАНГАЈ – Модерна метропола и економско срце на Кина, позната по импресивниот облакодерски пејзаж, динамичниот живот, реката Хуангпу и историската прошетка по Бунд
1 ден – 05.05.2026 (вторник)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет, Лет Скопје – Пекинг преку Виена и Минхен. Полетување од Скопје во 12:35 часот, пристигнување во Виена во 14:10 часот. Полетување од Виена во 17:40 часот. Пристигнување во Минхен во 18:40 часот. Полетување од Минхен во 19:40 часот.
2 ден – 06.05.2026 (среда)
Пристигнување во Пекинг во 11:45 часот. Трансфер до хотелот во Пекинг. Сместување и одмор во хотелот.
3 ден – 07.05.2026 (четврток)
Појадок. Посета на плоштадот Тјенанмен, централниот и најголем плоштад во Пекинг, потоа на Забранетиот град (Гугонг) – поранешната царска палата и симбол на кинеската историја, и Летната палата Јихејуан, раскошен комплекс со палати и градини, користен како летна резиденција на царевите. Ноќевање.
4 ден – 08.05.2026 (петок)
Појадок. Организирана посета на Кинескиот ѕид во Мутианју, една од најдобро зачуваните и најубави делници на овој историски ѕид, кој се градел повеќе од 2.000 години за одбрана на Кина, со можност за искачување со жичара и панорамски погледи. По посетата, враќање во хотелот. Ноќевање.
5 ден – 09.05.2026 (сабота)
Појадок. Посета на Националниот стадион „Bird’s Nest“ – симболот на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, и на Националниот акватски центар, познат како „Water Cube“, дел од Олимпискиот парк. По посетата, враќање во хотелот. Ноќевање.
6 ден – 10.05.2026 (недела)
Појадок. Трансфер со автобус до железничката станица и патување со експресен воз до Хангжу, историски град познат како центар за чај и свила (околу 5–6 часа патување). Разгледување на градот и Западното езеро, со крстарење по езерото. Сместување во хотел. Ноќевање
7 ден – 11.05.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Шангај и разгледување на градот со посета на ТВ и радио кулата „Oriental Pearl“ и крстарење по реката Хуангпу. Прошетка по познатата шеталишна зона Бунд и свечена вечера во традиционален кинески ресторан. Ноќевање.
8 ден – 12.05.2026 (вторник)
Појадок. Посета на Стариот град и Стариот базар, историска зона со традиционална кинеска архитектура и продавници за сувенири, како и на Храмот на Буда од Жад (Jade Buddha), познат по својата статуа од бел жад. Разгледување на уметничката област Tianzifang, позната по уметнички студија и кафулиња, и шопинг улицата Nanjing Road, главната комерцијална улица во Шангај. Трансфер до аеродромот и поаѓање од Шангај во 23:50 часот.
9 ден – 13.05.2026 (среда)
Пристигнување во Франкфурт во 07:25 часот. Поаѓање од Франкфурт во 12:30 часот, пристигнување во Скопје во 14:45 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Важна напомена:
ОПШТИ УСЛОВИ:
Ф