Прага - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Прага

Прага

 

 

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата  архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото… Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна).  Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

 

1 ден  – 16.01 (Петок ): СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 12:00 часот. Полетување за Прага во 14:20 ч. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот во Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден  – 17.01 (Сабота): РАЗГЛЕД НА ПРАГА

Појадок. После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.
Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.
Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.

3 ден – 18.01 (Недела): КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.

4 ден – 19.01 (Понеделник): ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок.. По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја заследите оваа прошетка, се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром.. Полетување кон Скопје во 17:10 часот

 

 Цена на аранжманот: 379 € / 23.500 мкд

ПРОМО ЦЕНА: 319 € / 19.780 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Авио-билет Скопје – Прага – Скопје
  • Аеродромски такси
  • 3 ноќевања во хотел 3★ со појадок
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  •  Организиран разглед на Прага
  • Туристичка такса (се плаќа на лице место)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Факултативен излет Карлштајн (Посета на најпознатиот готски замок на Карл IV (4–5 часа). Вклучен превоз, водич и влезница) – 45 €
  • Факултативен излет Круиз по Влтава со ручек (Панорамска вожња со брод низ Прага со ручек и пијалок) – 35 €

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИМПАЛА ТРАВЕЛ.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.
  • Организатор на патувањето е друга агенција, партнер на Импала Травел.

 

No

Translate »