38°47’20.6″N 20°36’49.7″E
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Островот со причина го нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа Нидри.
Агиос Никитас е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.
Вила “Спирос” се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас. Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.
|
Вила Спирос – Агиос Никитас |
|
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА |
| Термини | Ноќ. | 1/2 студио за 2 лица | 1/3 студио за 3 лица | Промо цени |
| 27.05.2026 – 03.06.2026 | 7 | 99 | 109 | |
| 03.06.2026 – 10.06.2026 | 7 | 129 | 149 | Промо цена |
| 10.06.2026 – 17.06.2026 | 7 | 209 | 229 | Промо цена |
| 17.06.2026 – 24.06.2026 | 7 | 269 | 296 | |
| 24.06.2026 – 01.07.2026 | 7 | 332 | 359 | |
| 01.07.2026 – 08.07.2026 | 7 | 459 | 431 | |
| 08.07.2026 – 15.07.2026 | 7 | 449 | 519 | |
| 15.07.2026 – 22.07.2026 | 7 | 509 | 503 | |
| 22.07.2026 – 29.07.2026 | 7 | 569 | 599 | |
| 29.07.2026 – 05.08.2026 | 7 | 569 | 539 | |
| 05.08.2026 – 12.08.2026 | 7 | 569 | 599 | |
| 12.08.2026 – 19.08.2026 | 7 | 569 | 599 | |
| 19.08.2026 – 26.08.2026 | 7 | 569 | 599 | |
| 26.08.2026 – 02.09.2026 | 7 | 499 | 539 | |
| 02.09.2026 – 09.09.2026 | 7 | 341 | 368 | |
| 09.09.2026 – 16.09.2026 | 7 | 249 | 279 | Промо цена |
| 16.09.2026 – 23.09.2026 | 7 | 209 | 239 | Промо цена |
| 23.09.2026 – 30.09.2026 | 7 | 139 | 159 | Промо цена |
Студија:
Содржина на студијата:
Напомена: терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море.
Капацитетот на собите:
Промо термини:
Важно да знаете:
За патници со автобуски превоз: