Вила "Порто Фино" – Никиана - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Вила “Порто Фино” – Никиана

Вила “Порто Фино” – Никиана

38°45’19.3″N 20°43’10.5″E

 

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името, сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации, зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остават рамнодушен.

 

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии (максимум капацитет 3+1 дете до неполни 6год кое спие со родители);
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужвa;
– идеална позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас;
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гостите;

 

Вила Порто Фино B кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 студија, за 3 лица.

 

 

Вила “Порто Фино” – Никиана

ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

Термини Ноќ. 1/3 студио  Промо цени
27.05.2026 – 03.06.2026 7 169 Промо цена
03.06.2026 – 10.06.2026 7 189 Промо цена
10.06.2026 – 17.06.2026 7 229 Промо цена
17.06.2026 – 24.06.2026 7 349  
24.06.2026 – 01.07.2026 7 439  
01.07.2026 – 08.07.2026 7 549  
08.07.2026 – 15.07.2026 7 569  
15.07.2026 – 22.07.2026 7 589  
22.07.2026 – 29.07.2026 7 589  
29.07.2026 – 05.08.2026 7 589  
05.08.2026 – 12.08.2026 7 589  
12.08.2026 – 19.08.2026 7 589  
19.08.2026 – 26.08.2026 7 529  
26.08.2026 – 02.09.2026 7 469  
02.09.2026 – 09.09.2026 7 399  
09.09.2026 – 16.09.2026 7 289 Промо цена
16.09.2026 – 23.09.2026 7 219 Промо цена
23.09.2026 – 30.09.2026 7 149 Промо цена

 

Студија: 

  • трокреветно: со еден двоен кревет и еден единечен кревет;

 

Содржина на студијата:

  • сопствена тераса;
  • сопствен тоалет со туш кабина;
  • сопствена мини кујна со прибор за готвење и јадење;
  • wi-fi, ТВ;
  • kлима (5еур на ден);

 

Капацитетот на собите:

  • во трокреветна соба максимум 3 лица + 1 дете до 5,99год кое спие со родители;

 

Промо термини:

  • првите три и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација;

 

Важно да знаете:

  • понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава;
  • интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет;
  • клима со доплата од 5еур на ден;
  • цените се за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз);
  • плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден);
  • туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот;

 

За патници со автобуски превоз:

  • куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг;
  • доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место;
  • секој куфер мора да има налепница од водичот;

 

Translate »