АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања
20 Март (Петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:25 часот. Полетување за Болоња во 18:55 и пристигнување во 20:45 часот. Трансфер до Фиренца, лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Сместување во хотелот. Ноќевање.
21 Март (Сабота) ФИРЕНЦА
Појадок. Разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Препорачуваме организирана посета на Галеријата Уфици. Во вечерните часови, можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистински” италијански аперол. Ноќевање.
22 Март (Недела) ФИРЕНЦА – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација… Превоз низ преубавите предели, налик на позадина на ренесансните слики, со попатна посета на Сан Џимињано, најсимпатичниот мал град во Тоскана. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
23 Март (Понеделник) ФИРЕНЦА – ПИЗА – БОЛОЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Посета на Пиза и прошетка по еден од највеличествените плоштади во Италија со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула. Организиран превоз до Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети. Пешачка прошетка по Плоштадот Маџоре, опкружен со најпознатите знаменитости и најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 21:20 часот и пристигнување во Скопје во 23:05 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
A