ПОПОЛНЕТО
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В’лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9-от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.
20 март (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 12.15 часот. Авионот за Прага на Визер полетува во 14.20 часот и слетува во 16.35. Трансфер и сместување во хотел. Вечерна прошетка во центарот на градот во придружба на нашиот водич. Ноќевање.
21 март (сабота) ПРАГА
Појадок. Разглед на градот во придружба на локален водич: Храдчани- еден од најголемите замоци во светот, кој е и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост (најстариот градски мост, воедно и најпознатото градско обележје и го поврзува Стариот град со другиот брег на Влтава – Мала Страна), Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад , астрономски часовник, плоштадот Вацлав… Факултативно крстарење со брод по реката Влтава, пловење покрај најпознатите згради и споменици на „Златниот град“. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на чешки ресторан – пивница со шоу програма и можност да се проба традиционална храна и Пилснер пиво. Совршен начин да се доживее традиционална чешка вечер! Ноќевање.
22 март (недела) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме патување до Карлови Вари, прекрасна туристичка дестинација, која многумина ја сметаат за најубавиот град во Чешка, со традиција за велнес која трае повеќе од 600 години. Во 2021 година, УНЕСКО го призна исклучителното значење на овој град и го вклучи на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Градот е богат со прекрасна, шарена архитектура, која е законски дефинирана како културно богатство со цел да се зачува посебниот шарм и атмосфера на ова место, кое привлекува посетители стотици години. Придружете им се на великани како Петар Велики, Бетовен, Шопен, Шилер, Карл Маркс и Гете и откријте што е толку посебно во врска со ова уникатно место. Можност за посета на хотел “Thermal” каде што може да се опуштите во единствениот отворен базен со 100% природна термална вода со температура на водата од 38 °C, сауна и прекрасен поглед на Карлови Вари . Враќање во Прага. Ноќевање.
23 март (понеделник) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Прага. Летот кон Скопје е во 17.10 часот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
НАПОМЕНИ:
М