Сигурна реализација
Авион / 4 дена/ 3 ноќевања
Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро… исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез … Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор, Кралска палата и оружарницата… И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц…
14.03 Сабота СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на аеродрмот во Скопје 14.00 часот. Полетување за Мадрид во 16.05 часот и пристигнување во 20.00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
15.03 Недела МАДРИД
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Реина Софиа, преку познатиот парк Ретиро до еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми… Пауза за ручек, препорачуваме да ги пробате популарните тапаси или одберете некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.
16.03 Понеделник МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. Факултативна екскурзија: Толедо, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија, градот-музеј под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде имате прекрасна глетка кон градот. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид. Слободно попладне, вечер. Ноќевање.
17.03 Вторник МАДРИД– Скопје
Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“.
Во вечерните часови трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20.45 и пристигнување во 00:15 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ:
НАПОМЕНИ:
М